Годинава две нови цркви ќе бидат отворени во Велес

Две нови цркви ќе се отворат во Велес годинава. Храмовите посветени на Свети Кирил и Методиј во младинскиот парк и Светите Козма и Дамјан во дворот на болницата се скоро готови.

Владиката на повардарската епархија вели дека останува да се доработи само уште мал дел од фрескоживописот.

Изградба на нови цркви и манастирски конаци се предвидени и во други населени места кои се дел од повардарската епархија, вели владиката Агатангел.

Во Велес моментално се градат уште две цркви. Се постави камен темелник за храмот Свети Климент Охридски, а привршува изградбата на црквата во селото Чолошево.