Годинава Германија нема да почне со строгите правила за азил

Годинава Германија нема да почне со строгите правила за азил
Годинава Германија нема да почне со строгите правила за азил

Годинава нема да влезат во сила новите правила, што на Германија и ја олеснуваат процедурата за бркање на мигрантите за кои нема шанса да добијат азил, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, во момент кога во нејзината владеачка коалиција се води битка за деталите од планот, пренесоа британските медиуми.

Забавувањето на реализацијата на таканaречениот втор пакет за азил е удар за Меркел, која е ставена на се поголем притисок од својата партија и од избирачите да го намали бројот на мигранти кои влегуваат во Германија.

Новите правила предвидуваат Германија да изгради прифатни центри во близина на границата со Австрија, каде по скратена процедура ќе бидат донесувани одлуките за мигрантите кои немаат особена шанса да добијат азил.

Но, поради разликите меѓу конзервативците на Меркел и социјалдемократите по прашањето за здравствената помош за кандидатите за азил не може да се постигне договор за пакетот во целост.

– Од процедурални причини тој нема да влезе во сила до крајот на годината – рече Меркел на прес конференцијата со премиерот на Нов Зеланд, Џон Кеј, кој пристигна во официјална посета на Берлин.

– Но, јас и натаму сум оптимист дека ќе дојдеме до решение, откако ќе ги разгледаме сите детали од планот – изјави таа.