Годинава најтопла во историјата: Од Арктикот исчезна мраз со големина на Флорида

НАСА неделава го објави најновиот извештај, според кој, 2016 година е најтоплата година во историјата, а заради температурите што беа и до 10 степени повисоки од нормалните на Арктикот исчезна мраз со големина на Флорида.

Невообичаено топла бура се случи во период од годината кога мразот во тој регион вообичаено се собира, а не топи.

– Како резултат на овој циклон, количеството мраз во Баренцово и Карско Море се намали за 10 отсто, а појас со мраз се придвижи кон север, изјави  Линет Боисверт, авторка на ова истражување на НАСА.

„Откриено е дека во оваа бура целосно се стопи најтенкиот мраз. Во годините што следат, доколку зимата почне во самиот старт со потенок мраз, топењата можат да бидат и поголеми“, изјави Алек Пети од центарот на НАСА „Годард Спејс Флајт“.

– Уште една година. Уште еден рекорд. Високите температури во 2015 година ќе бидат надминати во 2016, изјави генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петер Талас.

„Во руските делови на Арктикот температурите биле шест до седум степени Целзиусови над повеќегодишниот просек. Многу други арктички и субарктички региони во Русија, на Аљаска и на северозападот од Канада беа за барем три степени Целзиусови над просекот“.

Прелиминарниот извештај на НАСА вината за високите температури на почетокот од годината ја фрла врз торнадото Ел Нињо и наведува дека нивото на морињата претходно растеше  за 3,5 милиметри годишно, за сега за 18 месеци (до февруари годинава) да изнесува 15 милиметри, пренесе хрватски Дневник, повикувајќи се на „Раша тудеј“.