Македонија

Од почетокот на годинава преку МојТермин креирани 20.421.818 рецепти

Од почетокот на годинава преку МојТермин креирани 20.421.818 рецепти

Податоците од системот МојТермин покажуваат дека од 1-ви јануари 2015 година до денес, во системот се креирани вкупно 20.421.818 рецепти за 1.214.157 пациенти, од кои 17.093.223 биле подигнати од аптека.

Националниот систем за електронски евиденции во здравството, МојТермин, е централизиран онлајн систем кој овозможува во реално време добивање податоци за здравствените услуги кои континуирано се обезбедуваат за пациентите.

Во споредба со 2014 година, за истиот период биле креирани 18.615.299 рецепти за 1.162.003 пациенти, од кои 15.901.795 биле подигнати од аптека, што покажува дека во 2015 година бројот на пациенти се зголемил за 4.5%, а бројот на подигнати рецепти за 7.5%.

Само за илустрација, пациентка на 51-годишна возраст во 2015 година подигнала вкупно 283 лекови од аптека.

Кај специјалистичките упати од 2015 до сега се забележува пораст од 6.3% на бројот на прегледани пациенти во споредба со 2014 година, односно до овој момент биле прегледани 975.042 пациенти во споредба со 2014 кога биле прегледани 917.083 пациенти.

Системот МојТермин е интегриран со над 60 софтверски компании, во овој момент има над 12,000 корисници, и се формирани вкупно 1.746.229 електронски здравствени картони, односно за 87% од граѓаните во Република Македонија е креиран електронски здравствен картон.

Системот овозможува секој пациент да има пристап до сопствениот електронски здравствен картон во било кое време, и за истото треба само да поднесе барање кај својот матичен доктор.