Годинава шест случаи на „увезена” маларија во Македонија

Во тешка здравствена состојба, 28 годишен тетовец заболен од маларија е под карантин во Клиниката за инфективни болести. Според информации на zdravstvo24.mk пациентот бил хоспитализиран пред една недела. Kај него лекарите ја дијагностицирале најтешката форма на заразата.

Болеста ја донел од Јужно африканската република каде неколку месеци бил на привремена работа. Епидемиолозите загрижени – ова е шести случај за 11 месеци, за разлика од порано кога имало по еден до два заболени годишно.

-Загрижени сме бидејќи ова се многу случаи и кај сите нив или малку или воопшто не пиеле антималарици. Сите овие 6 случаи годинава се млади од 28 до 58 годишна возраст во најрподуктивните години. одат во земји каде има маларија, а не се заштитуваат, вели д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Македонците кои годинава заболеле од маларија работеле во Мали, Ангола, Сиера леоне и ЈАР. Според податоците од епидемиолошките анкети, тројца од нив се од Тетово, двајца скопјани и еден од Гостивар. Епидемиолозите со апел до сите кои патуваат во ризичните земји да внимаваат на болестите кои ги демнат.

-Мора да апелирам до сите, имајќи в предвид дека ни престојат новогодишни празницви, но и за туристи како и работници…пред да одат на патување во афрички земји задолжително да консултираат лекар за болести кои ги има таму, вели д-р Караџовски.

Епидемиолозите предупредуваат дека маларијата е опасна болест која предизвикува сериозни компликации или да заврши фатално. Лекувањето е дојготрајно, а пациентите цел живот може да имаат проблеми со црниот дроб или бубрезите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.