Годинава што изминува, најкрвавата година за очајните мигранти

Повеќе од 7.000 мигранти се претпоставува дека загинале оваа година, поминувајќи мориња и пустини, во потрага по безбедно место за живот. Веројатно 2013 е најкрвавата година во однос на ова, откако се води статистика, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ), пренесе „Ројтерс“.

Според податоците собрани од гранични служби и групи на активисти, во 2013 година загинале 2.360 мигранти, следејќи го својот сон за нов живот. Многу од нив им платиле на илегални посредници за ризично патување.

Овие бројки, добиени главно од западните земји, кои внимаваат и ги споделуваат податоците, може да се покажат како многу помали, во споредба со многуте лица кои умираат на патот од Африка до Блискиот Исток.

Помеѓу 2.000 и 5.000 Африканци се смета дека ги загубија своите животи, преминувајќи го Синај и Аденскиот залив, за да стигнат до Јемен, вратата на богатите арапски држави од Заливот. Сепак нема категорични податоци, наведува ИОМ .

Една од најголемите слични трагедии оваа година беше смртта на над 360 мигранти во октомври, кои се удавија во морето, додека се обидуваа да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза, пишува „БТА“.