Годинава субвенции за туристи од уште шест земји

Туристичките агенции да ги искористат можностите што ги нуди проширената листа на земји за чии туристи во Македонија владата дава субвенции. Од годинава субвенции се нудат и за турсити од Казахстан, Азербејџан, Катар, Германија и Англија. Владата дава по 65 евра за секој турист од овие земји кој ќе престојува најмалку три дена во Македонија, пишува Економски.мк.

– Субвенциите важат за шест нови земји. Ова е навистина добра можност за туристичките агенции веќе да стапат во контакт со нивните партнери од овие земји и од земјите кои и досега имаше субвенции со цел да обезбедат уште отсега контакти, да договорат аранжмани ида можат да донесат туристи. Ги повикувам да ги искористат поволностите од оваа државна субвенција која ќе го намали трошокот за носење на странски туристи и ќе ги напраи нивните понуди поконкурентни. Од тоа има добивка целото стопанство затоа што странските туристи оставаат средства не само во туризмот туку и во многу други гранки, така што доаѓа до мултипликација на средствата оставени во Македонија, вели Александар Ѓорѓиев, портпарол на владата, пренесува порталот.

Годинава се зголемија субвенциите за донесени туристи од Босна, Србија и Бугарија, од 25 на 35 евра за секој кој во организирана посета и со авионски превоз ќе дојде и престојува најмалку седум дена во Македонија. Според информации на туристичките агенции, ова ќе овозможи значителен пораст на туристите од овие земји и бројни чартер летови оваа сезона.

Бројот на странски туристи во Македонија во изминатите 8 години се зголемил за 98%, a вкупниот број на туристи за 40%. Трендот продолжил и во 2014, во првите три квартали, бројот на странски туристи пораснал за 8,4%.

– Правиме максимални напори да се обезбеди нов квантум на туристи, да се продолжи постојаниот раст на туристи кој се случува сите овие осум години. Тоа е во интерес на целото стопанство и отварањето нови работни места, вели Ѓоргиев.

Субвенции веќе се даваат за туристи од БЕНЕЛУКС, Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединети Арапски Емирати, Јапонија, Индија и Кина, како и за државите од регионот.

Освен што активно се промовираше, Македонија изминатиот период се најде во фокусот на повеќе странски магазини, веб страни и ТВ емисии за туризам. Најново е рангирањето на Њујорк Тајмс, кој Македонија ја смести на 10 место од 52 земји кои треба да се посетат во 2015, пишува Економски.мк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.