И годинава во Европа се очекуваат милион бегалци и мигранти

Бројот на мигранти и бегалци кои ќе дојдат во Европа оваа година може одново да биде еден милион, наведуваат од Меѓународната организација за миграција, пишува МИА.

– Не гледаме големи промени во условите кои се причина луѓето да ги напуштаат родните држави, зошто тогаш треба да се променат резултатите, запраша портпаролот на ИОМ, Џоел Милман.

Според нив, 1.004.356 мигранти и бегалци дошле во Европа во 2015 година, четирипати повеќе во однос на 2014 година. Околу 65.000 пристигнале во Европа во јануари.

– Ако тоа темпо продолжи, во 2016 година во Европа ќе дојдат вкупно околу 780 илјади мигранти и бегалци. Знаеме дека бранот е засилен во летото така што нема основа да сметаме дека во крајот на оваа година нема да има милион новодојдени, нагласи портпаролот на ИОМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.