Годинава во Илинден се гради двојно повеќе

Заклучно со третиот квартал во 2014 година издадени се вкупно 140 одобренија за градење во општина Илинден, од кои 15 за стопански објекти, 118 за домување и 7 јавни и инфраструктурни објекти, што во споредба со 73-те издадени одобренија за градење во трите квартала во 2013 година, претставува двојно зголемување на издадени одобренија за градење.

Од издадените одобренија за градба за домување, дури 70 од нив се издадени на граѓани кои одбрале од бесплатните проекти за изградба на семејни куќи кои ги нуди општина Илинден, со што значително се олеснува и забрзува постапката за издавање на градежни дозволи по електронски пат.

Со издавање на одобренија за градење заклучно со третиот квартал 2014 година, се овозможи изградба на индивидуални станбени објекти и стопански објекти со намена за лесна и незагадувачка индустрија како што се откупен центар со ладилник за овошје и зеленчук, фабрика за производство на кондиторски производи, погон за текстил, производство со прехрамбена индустрија, магацин со станица за технички преглед, постројка за производство на дизел гориво, производство на челични профили, производство, пакување и дистрибуциија на амбалажа, фотонапонска сончева централа, стовариште за бои и лакови, две станбени згради, станбено деловна зграда, како и еден хотелско – угостителски комплекс, во локалните економски зони во општината.