понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 46

Годишен хороскоп за 2017 година

хороскоп

Последни вести

ОВЕН

2017 година ви носи големи успеси како на приватен така и на професионален план, па ако започнете било каков почеток во новата година ќе ви се зајакне и зголеми самодовербата.
Вашиот ентузијазам ќе се задржи до август, а страста и желбата за напредување ќе ве следи низ целата година. Вашата конструктивна енергија и креативност постепено ќе се зголемува. Ова е совршена година за работа врз себеси, за самопромоција и унапредување на вашиот интегритет во јавноста.
Оваа година ќе ви се отворат бројни можности за нови познанства и контакти бидејќи 3 циклуси на планетата Меркур ќе бидат во движење и ќе отворат нови поволни можности на социјален план. Од 5 јануари до средината на март 2017 година
Меркур ќе биде присутен во полето на вашата групна социјална ангажираност (односи со пријателите, односи со семејството, како и на работа со колегите) и ќе ве зближи со лица од други заедници со кои би можеле да делите исти интереси.
Помеѓу 1 мај и јули 2017 година ќе бидете фокусирани на интелектуалната сфера и доста време ќе поминете во патување како и во квалитетно поминато време со пријателите, семејството и бизнис партнерите.
Од 27 август до ноември 2017 година, вашето поле на интерес ќе се сврти кон вашите најблиски лица: партнерот, пријателите, но условно кажано и на “непријателите” и конкурентите. Ќе дојде и до расчистување на некои односи и ставање на работите на свое место!

БИК

2017 година е ветувачка кога станува збор за љубов, дом и материјално богатство. Во првата половина од годината до август 2017, семејниот и љубовниот живот ќе ви бидат во фокусот.
Можно е да се селите во поголем дом или ќе се впуштите во поголемо реновирање, купување на нов намештај.. Ќе се појават и поволни можности за купување на недвижнини или било каков вид на бизнис од овој вид.
Ќе ја имате поддршката од семејството за секој ваш потфат и генерално, кога станува збор за семејството, ќе владее апсолутна хармонија во односите – емоционална сигурност и доста оптимизам ќе ви стане секојдневие.
Одлуката за ново дете во оваа година треба сепак да се стави под знак прашалник. Но, ако веќе имате деца тие ќе бидат вашиот најголем извор на радост.
Вашите приватни односи ќе влезат во опуштена фаза и тоа набргу на почетокот од годината. После две години заладен однос со вашиот партнер, конечно ќе дојде до повторна емотивна поврзаност.
Односите со пријатлите, но и со колегите на работа и партнерите, ќе биде во знакот на прогрес и напредување, па дури и ќе се исполнат некои долгорочни договори и стабилни врски кога станува збор за кариерата.
Во текот на летото, се до септември ќе се јават одредени проблеми на работното место и тогаш би требало целото ваше внимание да го насочите кон нивно решавање.
Кога станува збор за вашата кариера и покрај позитивните вибрации ќе мора да направите некои крупни одлуки. Кога ќе созрее времето за тоа, бидете трпеливи и мудри.
11.август 2017 година Јупитер влегува во вашето поле на љубовта па така следните 12 месеци треба да очекувате денови исполнети со љубов и страст.
Кога станува збор за здравјето, стресот ќе биде вашиот најголем проблем, а решението лежи во физичката активност. Започнете да тренирате било што што ќе ве опушти и наполни со позитивна енергија.

БЛИЗНАЦИ

За лицата родени во знакот на Близнаците, 2017 година ќе биде во знакот на врските и новите познанства. Оваа година ви носи некои нови лица во вашиот живот кои можат да ви станат пријатели, бизнис партнери, соработници, но и љубовни партнери!
Но без разлика на големиот број нови луѓе кои ќе се појават, вие ќе бидете многу пребирливи кога станува збор за лица на кои ќе им дозволите да влезат во вашиот живот, бидејќи сакате да бидете опкружени со интелигентни, енергични и отворени луѓе.
Ова не е новина во вашиот избор на пријатели со кои го минувате времето, но оваа ваша карактеристика ќе биде дополнително изразена во 2017 година. Обратете внимание на своите остри критериуми и не претерувајте.
Сатурн ќе остане во полето на вашиот знак речиси во текот на целата година, со мала пауза помеѓу јуни и септември, а со оглед на тоа што оваа планета не сака лековерност, ќе бидете многу претпазливи со луѓето кои ја немаат длабочината која вие обично ја барате во луѓето. Исто така, кога станува збор за односот со вашиот партнер, ќе минете низ доста двоумења и преиспитувања.
Обидувајте се да ги одбегнувате конфликтите, бидејќи работите нема секогаш да се одвиваат во ваша корист, а факт е дека и вашите очекувања тешко се исполнуваат.
Вашиот социјален живот ќе биде најактивен досега, иако целите на ова поле ќе ви бидат драстично прагматични и аналитични. За вас, тоа нема да биде само чиста забава и дружење.
Постојат големи шанси да се вклучите во некоја групна активност или друштвена организација, како што се на пр.невладините организации.
Кога кариерата е во прашање, очекувајте прогрес и успех. Ќе дојдете во допир со доста луѓе кои можат да ви бидат од корист. Ќе се случат настани и лица кои ќе ви отворат нови врати.
Здравствената состојба за 2017 година ќе ви биде одлична, без поголеми проблеми!

РАК

Најголемите случувања за вас во 2017 година ќе бидат поврзани со кариерата. Ударот кој сте го доживеале во минатото, во оваа година ќе добие свое посилно ехо, па така вие често ќе се присеќавате на минатите денови.
Сепак, тоа ќе влијае на вашата посилна мотивација за да го решите проблемот и да придвижите и откриете нови хоризонти. Ќе доживеете доста авантури и непредвидени ситуации.
Врската помеѓу Сатурн и Уран во вашиот знак ќе ви даде поддршка на работното место се до 2018 година. Ќе добиете мотивација да создадете нешто базирано на вашето претходно искуство и чувства кои сте ги стекнале за сите овие минати години. Вашиот успон ќе биде очигледен во 2017 година, но ќе бара многу труд и работа. Ништо не доаѓа преку ноќ, па така обврските и одговорностите ќе растат, а вашиот работен, како и финансиски успех ќе бидат далеку подобри во првата половина од годината.
На љубовен план и тука постојат знаци за успех. Сатурн, кој досега ве кочеше, ве правеше недоверливи, тешки и пребирливи, сега го напушта вашиот знак и отвора нови можности.
Вашиот секојдневен живот ќе стане доста поопушен и ќе се забавувате како никогаш досега. Ќе имате повеќе слободно време кое ќе го поминувате во потполно нови и неконвенционални активности.
Се на се’, ќе бидете далеку поотворени, попозитивни и ќе се впуштате во бројни социјални контакти, особено во втората половина од годината.
Кога станува збор за вашето здравје, вестите не се баш најдобри. Сатурн кој ја напушти куќата на љубовта, сега влегува во куќата на здравјето и може да предизвика бројни проблеми. Тука ќе се задржи следните 3 години, па затоа внимавајте!
Негативните последици можете да ги сузбиете со физичка активност и здрава исхрана, но секако очекувајте некои проблеми со коските и зглобовите, како и извесни проблеми со кожата. Редовните прегледи ќе ве заштитат од хронични заболувања.

ЛАВ

Во текот на 2017 година ќе имате голем сојузник – Јупитер кој ќе се задржи во вашиот знак се до август 2017. Јупитер ќе ви даде голема доза на среќа, оптимизам и позитивна енергија, па ќе ви се чини дека апсолутно се’ можете да постигнете и остварите.
Позитивниот став кон животот и вашиот карактеристичен хумор нема да ве напушти, напротив, ќе ви дава сила да ги надминете и најтешките моменти. Ќе имате отворен дух за луѓето околу себе, како и за нивните иновативни идеи.
Вашата искрена и великодушна природа ќе биде акцентирана во овој период, па и настаните кои ќе следат ќе имаат подобар прием кај вас. Во текот на 2017 година ќе имате поголема желба за осамување и да се одвоите од вашите ближни посветувајќи си се себеси и на своите потреби, па повеќе ќе патувате на далечни и егзотични дестинации.
Ќе дојдете во контакт со странци и мултинационални компании, а постојат и големи шанси дека ќе остварите долгорочни бизнис контакти со нив. Јупитер ќе ги зголеми вашите когнитивни способности, па затоа 2017 година е добро а ја искористите за стекнување со нови знаења и искуства. Јупитер и Уран ќе создадат тригон во куќата на интелектот и тоа во концепт на апстрактно размислување.
Во првата половина на 2017 Јупитер ќе создаде тригон со Сатурн засилувајќи ги административните и организационите способности, што ќе ви даде дополнителна поддршка за исполнување на зацртаните цели и амибиции.
Ќе уживате во балансот на стабилноста во текот на целата 2017 година. Односите со љубовта како и со бизнис партнерите, колегите, но и пријателите, ќе бидат токму онакви какви што сакате. Кога станува збор за децата, за вас ова ќе биде многу важно прашање во 2017 година.

ДЕВИЦА

Во текот на 2017 година, Сатурн ќе мине низ четвртата куќа на Сонцето од вашиот знак. Со помош на Јупитер и Уран, Сатурн ќе ја даде потребната поддршка кога станува збор за недвижнини – без разлика дали ќе се купува или реновира.
Може дури да се случи и наследство, иако ќе има и зголемена одговорност и грижа како и конфликт со родителите. Ќе постои атмосфера на отуѓеност и осаменост. Атмосферата во фамилијарните односи малку ќе се поправат, но само во август, која Јупитер ќе влезе во знакот на девица. Позитивниот набој ќе трае од 11 август до 9 септември.
Јупитер на вашата страна ќе направи повторно да ја почувствувате убавината на животот. Ќе бидете посреќни а вашиот љубовен живот, како и кариерата ќе имаат позитивен предзнак. Она што ви се чинеше невозможно во 2015 година, ќе биде потполно остварливо во 2017.
Ќе се ослободите од стравовите и забраните кои сами себеси си ги наметнавте и ќе ја почувствувате подобрата страна на животот. Ќе сакате да патувате, да стекнувате нови искуства и да ги ширите своите знаења и образование. 2017 година ќе биде во знакот на големи промени и иницијативи на сите полиња.
Она што сепак нема да биде во знакот на прогрес е вашето здравје. Јупитер носи проблеми со килажата, црниот дроб и висок крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта!

ВАГА

2017 година ќе ви делува како долго чекано празнично време после премрежјата во 2016. Додека минатата година Сатурн и Јупитер беа потполно неважни за вас и луѓето околу вас, 2017 ќе биде клучна за вас. Оваа година ќе почувствувате силно влијание и енергија која тие ви ја испраќаат.
2017 година ќе биде во знакот на воспоставување на врски, како со партнерот, така и со пријателите, бизнис партнерите и колегите. Уран ќе влијае врз вашите желби за нови работи, слобода и оргиналност.
Најголемо влијание од оваа планета ќе се чувствува кај меѓусебното разбирање и почитување на туѓата слобода. Аспектите како што се некомформизам, егзотични интереси и новини, ќе донесат позитивни вибрации во секој тип на односи, без разлика дали се љубовни или бизнис односи.
Уран своето влијание ќе го изрази преку куќата на среќата, па ќе броите драстични успеси на сите полиња, а посебно на оние кои се однесуваат на групните здружувања и активности како што се дружбите со пријателите или работа во невладини агенции. Ќе ви се отворат бројни можности за квалитетно поминато време со драги пријатели.
Во текот на 2017 година позицијата на Сатурн во вашиот знак ќе влијае врз зголемување на вашата методичност, фокус, објективно размислување, способност за донесување одлуки, но и за учење, стекнување со нови знаења и искуства, како и создавање на ефикасен план за понатамошен развој на кариерата.
2017 ќе биде добра година за нови знаења и емотивни врски. Потрудете се да бидете отворени за нови и непредвидливи работи, настани и луѓе, а вашите фантастични искуства споделувајте ги со други луѓе.

СКОРПИЈА

Сега конечно можете да се опуштите. Сатурн го напушта вашиот знак па вие ќе добиете чувство на слобода, духовен напредок, додека вашата физичка енергија ќе биде во значителен пораст. Животот ќе ви делува поубав, а вие ќе имате впечаток дека вашите намери полесно се остваруваат.
2017 година ќе биде одлична година за вашата кариера. Јупитер ќе се задржи во знакот на Шкорпија се до август, а со тоа добивате на престиж и значително влијание врз успехот. Неговата позиција ќе ви даде вистинска можност и шанси за напредок и прогрес.
Во август Сатурн ќе влезе во куќата на парите и ќе се задржи до декември 2018, а тоа е година во која ќе ви се отворат можности за профитабилна, финансиска заработка. Добри сте во организирање и планирање и генерално управување со финансиите што ќе ви донесе и подобар буџет.
Постои можност, одненадеж да пронајдете решение за здравствен проблем кој веќе подолго време ве измачува, што ќе доведе до клучна промена на подобро во вашиот животен стил. Во текот на 2017 ќе се опуштите повеќе, па ќе го подобрите и сопственото мислење за себеси.
Кога станува збор за семејството, атмосферата ќе биде и повеќе од идилична, а ако имате деца, тие ќе бидат главниот извор на вашето задоволство, гордост и среќа. Кога се во прашање љубовните односи, ќе бидете збунети, но и возбудени, повеќе отколку во текот на 2016 година.

СТРЕЛЕЦ

Враќањето на Сатурн ќе биде убедливо најголемиот настан за лицата родени во знакот на Стрелец. Познат и како “злочест” Сатурн може да донесе бројни проблеми како што се песимизам, помалку самодоверба и верба во себеси,пад на физичката енергија, ограничена слобода во движењето, болести, различни препреки, одложување на големи планови.
Значи, 2 години (2016-2018), онолку колку што Сатурн ќе се задржи во овој знак, може да се окарактеризираат како години на фрустација и ограничување.
Но, од друга страна Сатурн се поврзува и со мудрост, перфекционизам, стабилност, издржливост и трпение. Со Сатурн во вашиот знак се отвораат можности за градење на стабилни работи, за постигнување на повисоко ниво на мудрост и самопознавање, подобро разбирање на сопствените потреби и можности за остварување на зацртани цели.
Така добивате способност за создавање на позитивни мисли за натамошниот тек на вашиот живот.
Во поглед на приватниот живот, врската со Јупитер, Сатурн и Уран ќе ве направи непобедливи во борбата за постигнување на зацртаните цели.
Првата половина од годината ќе биде во знакот на патувањата, култура, студии и врски на далечина (љубовни, пријателски), додека во втората половина ќе бележите успех во кариерата и на работен план, самопромоција и развој.
Кога станува збор за сентименталната сфера постојат оази на ентузијазам кои ќе отворат можност за уникатни искуства. Цела година генерално ќе ви биде во знакот на замисленост, грижи и блага апатија, но ќе ја задржите вербата во себеси и својата сила при донесување на одлуките.

ЈАРЕЦ

2017 ќе биде далеку поуспешна година за лицата родени во знакот на јарецот, отколку минатата 2016 година. Состојбата на смиреност е токму она што ви е потребно да ги средите мислите и да го посадите семето на позитивна енергија која за помалку од две години ќе ги даде своите резултати.
Но ова не значи дека 2017 година ќе ви недостигаат акција и енергија. Плутон кој доминира со знакот на Јарецот ќе влијае врз јакнењето на амбициите и целите, но пред се, во смисла на создавање на ефикасни стратегии за постигнување на успех. Емоциите остануваат интензивни, а ставот е одважен во текот на целата година.
Можете да минувате низ период на двоумење кога станува збор за семејството или семејниот имот. Целата тензија која ја чувствувате е поврзана со зголемената желба за промена и ќе направите се за да го пронајдете патот кој ќе ве одведе до саканиот успех, па дури и ако патот е тежок и предизвикува сомнежи и страв.
Но, треба да бидете свесни дека ќе успеете што сте излегле на крај со 2016 – една од најстресните и најтешки години во вашиот живот. 2017 година ќе биде година на прогрес и развој. Во оваа година ќе ги мобилизирате силите да промените се што треба да се менува, како и да соберете одважност за нови можности кои се отвораат.
Првата половина од годината, до август, ќе биде многу дарежлива во финансиски смисол, додека другата половина ќе биде во знакот на поволности поврзани за психолошкиот развој. Обратете внимание на здравјето, бидејќи некои стари болести можат повторно да се вратат во 2017 година.

ВОДОЛИЈА

После долг период на статичност, Сатурн ќе ја напушти куќата на кариера, речиси без најава. Неговото присуство влијае врз чувството на фрустрираност, неможност за борба со големи очекувања и обврски кои ви “седнале” на врат.
Сепак добрата страна од присуството на Сатурн е во тоа што ве присилуваше на работа и развој, па кој тој ќе излезе од куќата на кариерата, ќе се почувствувате како притиснати во ќорсокак. Некои од проблемите сами од себе ќе се решат, а за некои ситуации, потребно е време и трпение за воопшто да видите резултати.
Во текот на летото, влијанието на Сатурн ќе се врати во прв план и во следните три години неговото присуство ќе делува на засилено интересирање за вашите пријателства, партнерски и колегијални односи, организациони способности, социјален ангажман, па дури и извесна политичка активност. Во 2017 година на полето на кариерата ќе делувате како вистински професионалец и ништо нема да ви претставува терет. Искуството кое ќе го стекнете ќе биде вистинска животна лекција за вас. Ќе бидете наградени со долгорочен успех и остварување на зацртани цели.
Јупитер ќе ви донесе успех на љубовен план, но и во сите врски – пријателски, партнерски, колегијални. 2017 година за биде поволна година за вашиот приватен живот, но и за стекнување со нови пријателства и бизнис контакти. Втората половина од 2017 година ќе биде поповолна за вашите финансии.
Бидете настрана од неискрени лица, како и од се што е неморално и илегално.

РИБИ

Доминантното присуство на Сатурн во вашиот знак, значително ќе влијае врз вашиот професионален план, давајќи ви поголема верб
а во себеси и дополнителна доза на сигурност во своите знаења, па така ќе добиете чувство дека на вашите патишта не постојат препреки.
Врската на Сатурн и Уран ќе ја нагласи вашата решителност и упорност и ќе ви даде сила да издржите во своите напори за успех. После хаотичниот период, конечно ќе пронајдете баланс и хармонија и ќе создадете цврсто тло за развој на вашата кариера.
Јупитер кој се наоѓа во полето на кариерата се до август 2016 година, на вашите постапки ќе им даде ефикасност. Со успех ќе ги завршувате задачите, па така навистина ќе уживате во она што ќе го работите. Ќе добиете вистинска шанса да работите на развој кога станува збор за работа и ќе добиете награда за својот труд.
Цела 2017 година под покровителство на триото Јупитер, Сатурн и Уран ќе биде во знак на професионален напредок и успех, како и исклучителна финансиска стабилност и просперитет.
До август, вашето здравје но и љубовниот живот ќе ви бидат на прв план и ќе би станат клучни точки на вашиот живот. Ќе бидете во состојба да пронајдете ефикасно решение за својот здравствен проблем, но и ќе ја подобрите целокупната психо-физичка состојба. Ќе имате потреба за драстична промена на вашиот физички изглед. Втората половина од 2017 ќе ви донесе исклучително поволни вести кога станува збор вашиот љубовен живот.

Најчитани вести