Годишен извештај за ДСГ за 2015 и прв квартал 2016, ГОБ 8 Септември со најдобри резултати

Методологијата Дијагностичко сродни групи (ДСГ), покрај тоа што претставува систем за евидентирање и фактурирање на здравствени услуги за акутните болнички пациенти, исто така ова е  метод за евиденција и финансирање на болничката здравствена заштита. ДСГ придонесува кон стандардизирање на медицинските терапевтски постапки според медицината базирана на докази (протоколи и клинички патеки), кои се вршат за секоја дијагноза со плаќање по просечни трошоци направени за здравствената услуга во било која здравствена установа. ДСГ системот мирање на централна база на сите здравствени услуги во РМ за болничките пациенти, како и на други статистички важни податоци (пол, возраст, тежина итн.). Пристапот до овие податоци, дали директен (необработени податоци) или преку извештаи изработени од ФЗОМ и други институции овозможува споредливост меѓу болниците од аспект на ефикасност, сложеност на здравствените услуги, распон на здравствените услуги на ниво на ЈЗУ, искористеност на капацитетите и сл.

ДСГ системот во практика дава мерливи параметри со кои може да се врши и меѓудржавно споредување, како и споредување на резултатите на нашите болници со болниците од другите држави.

Во годишниот извештај за ДСГ за 2015 година издвојуваме податоци за третманот на акутните болни, евидентирани по ДСГ методологија, во здравствените установи, кои вршат болничка здравствена заштита во Република Македонија за периодот јануари-декември 2015 година. Годишниот извештај за ДСГ  може да се најде на интернет страницата на ФЗОМ (www.fzo.org.mk)

Годишниот извештај за 2015 година опфаќа вкупно 61 здравствени установи, класифицирани спрема видот на институцијата, од кои 56 се јавни здравствени установи (14 општи болници, 27 клиники, 3 клинички болници, 9 специјални болници, 3 психијатриски болници) и 5 приватни здравствени установи.

Од годишниот ДСГ извештај за 2015 кој се однесува на анализа на податоци за мерливи сегменти во здравствениот системи како и споредливи сегменти со други здравствени системи, издвојуваме 5  карактеристични податоци кои се специфични за споредба внатре во нашиот систем но и со европските здравствени системи:

  1. Вкупниот број на хоспитално лекувани во 2015 година изнесува 219.297 пациенти и е помал за 15.345, односно за 6,5 % во однос на 2014 година. Поради ова, намален е и вкупниот број на остварени болнички денови на 1.214.061, што претставува намалување од 6,3%, односно 82.127 болнички денови помалку. Во 2015 година лекоуваните пациенти соред case mix индексот се покомплексни од 2014, видливо преку зголемување на casemix индексот од 1,10 на 1,14, што е за поздравување. Во пракса ова значи дека при лекувањето се користени посложени процедири и се третирани покомплицирани пациенти. Како пример може да ја посочиме ЈЗУ Градска општа болница 8 Септември, кај која има зголемување на сложеноста интервенциите од 4,9% во однос на минатата година.

Најголемо процентуално зголемување на бројот на случаите има кај новата Универзитетска клиника за државна кардиохирургија ( и тоа 6 пати во однос на минатата година), а потоа кај УК за торакална и васкуларна хирургија (15,7%),  УК за дигестивна хирургија (12,5%) и УК за нефрологија (10%).

Регионално издвојуваме дека најголемиот број на лекувани акутни болни во болничка здравствена заштита се во регионот на градот Скопје, каде се евидентирани 104.436 или 47,6% од вкупниот број на ДСГ случаи во Македонија (вклучени се и приватните болници со кои ФЗОМ има склучено договор).

  1. Тип на нега. Во ДСГ системот, услугите се поделени на хируршки, медицински (интернистички) и останати ДСГ, во зависност од тоа дали во текот на лекувањето е извршена или не процедура во операциона сала.

Сакаме да издвоиме три болници, кои имаат во 2015 година најголема застапеност во делот на хируршките интервенции: ГОБ 8 Септември Скопје каде 49% од пациентите отпаѓаат на извршени хируршки интервенции, ОБ Струмица со 29,6% и ОБ Прилеп со 26,3%.

Во делот на интернистичкиот тип на здравствени услуги ги одвојуваме следните 3 ЈЗУ кои имаат најголема застапеност на интернистичко лекување на пациенти во 2015 година: Тоа се Дебар со 99%, потоа Кочани со 87% и Велес и Кавадарци со 83%.

Во групата на останати ДСГ здравствени интервенции кои се специфични дијагностички процедури како што се (гастроскопија, колоноскопија, ангеографија, кршење на камен во бубрег), најголем процент има 8 Септември со 6,6% застапеност на овие интервенции.

Ако се собере број на хируршките интервенции извршени во ГОБ 8 Септември Скопје,  Специјална болница по гинекологија и акушерство Чаир Скопје, ПЗУ Филип 2, ПЗУ Клиничка болница Систина, ПЗУ Систина офталмологија, ПЗУ Европска очна болница и Универзитетските Клиники, се добива податок дека 63,8% од сите хируршките интервенции се изведуваат на територија на град Скопје. Истовремено имаме податок дека кај сите клинички и општи болници, со исклучок на ОБ Кавадарци, има намалување на бројот на случаи со хируршки ДСГ кодови.

Породувањето со царски рез е најчестата хируршка група во 2015 година, а процентот на породување со царски рез во однос на вагиналното породување сеуште има нагорен тренд и во 2015 година тој изнесува 34,6%. Најнизок процент на породувања со царски рез има во ОБ Кавадарци (19%), додека највисок ОБ Струмица со 49,6% и ОБ Гевгелија со 55,2%. Најзастапена интернистичка група е новороденче без компликации со 9,6%, следено со нормално вагинално породување 6,2% и респираторни инфекции без компликации 4,8%.

3. Најчести здравствени услуги (ДСГ услуги) – Во 2015 година исто како и во 2014 година, најзастапени здравствени услуги се: Згрижување на новороденче без компликации, нормално породување без компликации, респираторни инфекции без компликации и породување со царски рез без компликации.

  1. Просечениот престој на пациентите во болниците (ALOS) на национално ниво забележува континуирано намалување, од 6,2 дена во 2009, 5,9 во 2010, 5,8 дена во 2011 и 5,7 во 2012 до 5,5 дена за 2013, 2014 и 2015 година.

Според видот на здравствената установа просечниот престој изнесува:

  • 6,1 дена во клиниките
  • 4,9 дена во клиничките болници
  • 5,2 дена во општите болници
  • 5,5 дена во специјалните болници
  • 17,4 дена во психијатриските болници
  • 5,6 дена во приватните болници

Доколку овие податоци се споредат со податоците од Републичкиот завод за здравствена заштита за 2004 година (пред воведувањетото на ДСГ методологијата) каде болничкиот ден во универзитетските клиники изнесувал 8,8, додека во општите болници 6,8, се забележува намалување на престојот од 2,7 дена кај клиниките до 1,7 дена кај клиничките и општите болници, што е една од главните придобивки од воведувањето на ДСГ методологијата, со зголемување и ефикаснот на брзина на услугите за пациентите.

Истодневните пациенти, согласно ДСГ методологијата се пациенти кои се примаат, третираат и испишуваат истиот ден и се со мал процент и нивниот број изнесува 15.179 односно 6,9% од сите ДСГ случаи (219.297).

  1. Комплексност на случаите или CASEMIX INDEX – Овој индекс е главен показател, кој ја прикажува комплексноста на третираните пациенти, сложеноста на извршените процедурии истиот на национално ниво изнесува 1,14, што претставува зголемување во однос на 2014 кога изнесувал 1,10. Тоа значи дека во 2015 година во Македонија се третирани покомплексини пациенти и изведени посложени интервенции (лекувањето) чиј процент изнесува 1,14.

Најсложено ниво на здравствена заштита се дава на универзитетските клиники каде сложеноста на интервенциите е највисока, затоа што се високо специјализирани во дејноста која ја обавуваат. Кога ќе се направи споредба на останатите општи болници и клиничките болници по сложеност на лековувани пациенти или најголем casemix index следните 5 ЈЗУ.

  • Градска општа болница 8 Септември 1,39
  • Клиничка болница Битола 0,89
  • Клиничка болница Штип 0,87
  • Општа болница Прилеп 079
  • Клиничка болница Тетово 0,62

Од годишниот извештај за ДСГ во 2015 година, ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември покажува најдобри резултати во 3 од 5-те најважни категории (број на случаи, комплексност на случаите и најголем процент на хируршки ДСГ групи).

Деталниот извештај можете да го видите и превземете од web страницата на ФЗОМ www.fzo.org.mk во делот за извештаи, анализи и прегледи.

Фондот за здравствено осигурување покрај анализата и изработката на годишниот извештај за работењето на ЈЗУ по ДСГ методот, истите ги следи и на месечно и квартално ниво, со спореба за истиот периот од минатата година. Би сакале да истакнеме неколку карактеристични параметри за првиот квартал 2016, споредбено со првиот квартал 2015 година.

Во однос на вкупниот број на хоспитално лекувани во 1 квартал 2016 година кој изнесува 58.891, може да се забележи дека кај 15 од 27 универзитетски клиники, 4 од 17 клинички и општи болници и кај 7 од 9 специјални болници има зголемување на бројот на случаите, но вкупниот број кај сите ЈЗУ е помал за 1,5% (59.782 во 1 квартал 2015).

Универзитетски клиники со најголемо зголемување на бројот на случаи се:

УК за државна кардиохирургија (160%)

  • УК за очни болести (75%)
  • УК за урологија (31%)

 

Од клиничките и општите болници најголемо зголемување имаат:

  • ОБ Гостивар (14,4%)
  • ОБ Струга (12,5%)
  • ГОБ 8 Септември (8,4%)

Тип на нега. Од анализата на податоците по тип на нега, се забележува дека во клиничките и општите болници, иако процентот на хируршките ДСГ групи скоро кај сите болници се зголемува, апсолутниот број на случаи со хируршки ДСГ групи се намалува или е ист во поголемиот дел од нив, освен ОБ Кавадарци (зголемување од 7,9%), ОБ Гостивар (со 9,4%), ГОБ 8 Септември (со 16,8%), ОБ Охрид (со 23,1%) и ОБ Струга (со 35,5%). Вкупно за сите клинички и општи болници бројот на пациентите со хируршки ДСГ групи во првиот квартал од 2016 година се зголемува за 2,3%, во однос на истиот период 2015.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.