Годишен извештај за работата на Основниот Суд Скопје 1

По повод Денот на правосудството, Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска  го посетија организирани групи студенти од Правниот факултет – Скопје. Тие ​имаа можност да се запознаат со работата на Судот, да ги посетат судската писарница, архивата, големата судница и новопремената судница со техника за аудио – визуелно снимање, а имаа и средби со дел од судиите.

Од Судот информираат дека во Годишниот извештај за работата на судот за изминатата 2014 година е наведено дека зголемен е бројот на решени предмети, а намален е бројот на одлуки кои биле обжалени пред Второстепениот суд, што говори за зголементата доверба на странките во одлуките на судот.

– Основниот суд Скопје 1 – Скопје изминатата 2014 година покажа значителни резултати во намалување на бројот на нерешени предмети, зголемен број на потврдени предмети од Второстепениот суд, како и воведување новитети за унапредување на работата на Судот и по брз пристап на граѓаните до правдата, за што од Судскиот совет на Република Македонија е оценет како ажурен суд, се наведува во Годишниот извештај.

Основниот суд Скопје 1 Скопје во текот на 2014 година работел по вкупно 124.280 предмети, од кои решени се 80.447.

– Ако се направи анализа на разликата на започната 2014 година со остаток од 50.408 предмети од 2013 година, на крајот на 2014 година се констатира остаток од 43.833 предмети со кои се зпочнува 2015 година како остаток од претходната година, при што може да се констатира дека Судот во текот на овој циклус календарски совладал заостаток со вкупен фонд од 6.575 предмети за една година, се наведува во Годишниот извештај, пренесе МИА.

Во Специјализирано одделение за организиран криминал и корупција, бројот на заостатокот на нерешени предмети од 2013 година изнесува 93, во текот на 2014 година примени се 110 предмети или вкупно во работа во 2014 година имало 203 предмети. Завршени се вкупно 109 предмети, а нерешени останале 94 предмети. Во споредба со 2013 година во 2014 година во работа имало повеќе 12 предмети и завршени се 11 предмети повеќе.

Во извештајниот период од вкупниот број на решени 109 предмети обжалени се 62 предмети или 56,88 отсто, а во 47 предмети или 43,1 отсто странките биле задоволни од пресудата и не поднеле жалба. Од обжалените 62 предмети, 55 предмети се потврдени или 88,71 отсто, преиначени се 6 предмети или 9.68 отсто, а 2 предмети се укинати или 3,23 отсто од обжалените 62 предмети или 1,8 отсто биле укинати од вкупниот број на предмети во овој оддел.

Во Кривичен оддел – полнолетни, во извештајната 2014 година вкупно во работа имало 6.921 кривични предмети од кои 2.890 предмети се пренесени како нерешени од претходната година, а 4.031 се ново примени предмети. Судот заврши вкупно 4.561 предмети, а нерешени останаа 2.360 предмети.

Според статистиката за квалитет на работење на Кривичниот оддел – полнолетни  во извештајната 2014 година, од страна на Апелацискиот суд биле доставени 999 одлуки по изјавени правни лекови за предмети кои се воделе во Кривичниот суд. Од нив 484 одлуки се однесуваат на предмети обжалени во текот на 2014 година, а останатите 515 одлуки се однесуваат на предмети по кои Апелацискиот суд не одлучил во текот на 2013 година, туку во текот на 2014 година во која и влегуваат како квалитет.

– Така од вкупниот број 4.561 решени предмет во текот на 2014 година, во 999 предмети или 21,90 отсто е постапувано од страна на Второстепениот суд по изјавени правни лекови, додека во останатите 3.562 предмети или 78,1 отсто странките биле задоволни од пресудата и не поднеле жалба, што претставува висока доверба во судските пресуди, се вели во Годишниот извештај.

Од вкупниот број на предмети во работа во овој оддел, од страна на Апелацискиот суд биле укинати 186 предмети или 2,68 отсто, што претставува висок процнет на квалитет на одлуките, пренесе МИА.

Во Одделот за Прекршоци, примени се вкупно 20.831 прекршочни предмети од кои 15.036 се од областа „сообраќај“, 1.477 се од областа на „јавниот ред и мир“ и 4.196 се од областа на „останато“, и „прекршочни предмети за малолетници“ 122 предмети. Со заостатокот од претходниот извештаен период од вкупно 25.756 предмети овој оддел во текот на 2014 година работел со вкупно 46.587 предмети.

Во извештајната година во Одделот беа решени 18.326, а нерешени останале 28.261 предмети.

Според статистиката за квалитет на работењето на Одделот за прекршоци, од вкупниот број на решени предмети – 18.326, обжалени се 2.059 предмети, односно 11,23 отсто, додека во 16.267 предмети, или 88,77 отсто, странките не вложиле никаква жалба односно биле задоволни со одлуките, што исто така претставува висок процент на доверба во судските одлуки.

Од обжалените 2.059, потврдени се 813, преиначени се 106 предмети, а укинати се 514 предмети, што во однос на вкупниот број на предмети во работа во овој оддел претставува 1,10 отсто, укинати предмети што исто така претставува висок процент на квалитет на одлуките.

– Заради подобрување на работата во одделот и побрзо и поквалитетни решавање на предметите и надминување на приливот, во текот на минатата 2014 година спорведени се одредени промени, па така со одлука на претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје, од септември 2014 година незавршените предмети од областа на јавниот ред и мир и останато се прераспоредуваат на судиите во Истражниот оддел, со оглед на фактот дека со стапување во сила на новиот ЗКП, обемот на работа во Истражниот оддел е значително намален, додека за прекршочните предмети за малолетници се определени да постапуваат судиите за малолетници. Со тоа судиите во Одделот за прекршоци постапуваа само по прекршочните предмети од областа сообраќај, велат од Кривичниот суд.

Воедно со Одлука на претседателот на Судот било наложено од 01.11.2014 година заклучно со 14.12.2014 година да не се насрочуваат предметите, бидејќи се преминува на работењево компјутерски систем АКМИС. – Во тој временски период се постапува само по предметите што се итни, особено кога обвинет е странски државјанин. Но воедно во овој период е решен долгогдишен проблем на судот, бидејќи сите продмети од Одделот за прекршоци се внесени во Автоматизираниот компјутерски систем ( АКМИС ) заради поедноставна и попрецизна евиденција, посочуват од Судот.

Со воведување на новиот Закон за кривична постапка се отвори можност за решавање на обвинителските постпаки преку пресуди донесени врз основа на предлог спогодби. Па така во текот на 2014 година по претходна постапка на Оддел за кривично полнолетни верификувани се вкупно 87 пресуди врз основа на предлог спогодба.

Претходна постапка на специјализирано одделени за организиран криминал и корупција, верификувани вкупно 105 пресуди врз основа на предлог спогодба.

– Во Кривичниот оддел – полнолетни, Одделението за организиран криминал и корпупција, Одделот претходна постапка (КПП) и Одделот претходна постапка – организиран криминал и корупција (КОК ПП) во извештајната 2014 година постпаувано е во вкупно 8.670 предмети од кои 590 предмет биле притворски или мерката притвор била изречена во 6,80 отсто од вкупниот број на предмети по кои постпаувале судиите во овие оддели, се наведува во Годишниот извештај за работата на судот за 2014 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.