Годишна изложба на ОУ на град Скопје во Чифте амам

Утре во 13 часот во Националната галерија на Македонија во Чифте амам ќе се отвори Годишната изложба на основни училишта од град Скопје.

Во соработка со ликовните педагози од Основните училишта во Скопје на тема Старата скопска чаршија и традиционалните занаети ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во една завршна изложба. Изложбата е со натреварувачки карактер за да се зголеми мотивацијата и интересот на учениците.

Целта на оваа изложба е подобрување на воспитно-образовниот процес во училиштата и презентирање во јавноста на индивидуалните и групните творби на најмладата популација од основните училишта во градот Скопје.