Годишна ревијална изложба на ДЛУМ

Јубилејната ревијална „Годишна изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, која се организира како настан по 60 пат ќе биде отворена во петок во 20 часот во Културно информативниот центар.

На изложбата ќе бидат претставени дела на 91 автор од цела Македонија. Уметничкиот Совет на ДЛУМ по повод ревијалната „Годишна изложба“ на отворањето ќе додели признанија од областа на ликовната уметност од кои најзначајни се наградите “Нерешки мајстори“ за сликарство  и скулптура.

 Оваа година изложбата ќе се одржи на две локации. Отворањето ќе биде во Културно информативниот центар, потоа ДЛУМ Ве поканува во Домот на Армијата да ја проследите поставката на делата и да уживате во неа.