Годишните извештаи на јавните обвинители и на Судскиот совет пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи продолжение на 49. седница на која на дневен ред се годишните извештаи за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и на Судскиот совет на Република Македонија за 2014 година.

Меѓу точките се и измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за спречување на корупцијата, на Законот за воздухопловство и за Предлог законот за дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, сите во прво читање.

Пратениците треба да го разгледаат и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка.

На дневен ред се и два закона за ратификации како и неколку барања за давање автентично толкување на членови од закони.