Годишна изложба на ДЛУП

Во петок, 9 мај во 19: 30 часот во галеријата од НУЦК „Марко Цепенков“  ќе биде отворена годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп.

Ќе се претстават 39 уметници членови на ДЛУП. Со изложбата ќе бидат одбележани пет години од постоењето на ДЛУП.