четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 51

Годишни извештаи на Комисијата за политички систем

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржат повеќе собраниски комисии.

sobranie

Последни вести

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржат повеќе собраниски комисии.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се годишните извештаи за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2015 година, за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2015 година, за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2015 година.

На дневен ред на Комисијата се и Извештајот за работата на Агенцијата за aдминистрација за 2015 година и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2015 година.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се предлог-законите за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје и за изменување на Законот за високото образование, двата во второ читање.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат за Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2015 година.

Најчитани вести