среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Годишнина од Шарли Ебдо: Бог во крвава облека со пушка во рака

sarli

Поврзани вести

Редакцијата на сатиричниот весник „ Шарли Ебдо “ во пресрет на годишнината од крвавиот напад подготвила посебно издание во кое на насловната страница ќе стават брадест Бог во крвава облека со калашников во раце со наслов „Година дена подоцна, убијците и понатаму шетаат“.

Бројот ќе биде испечатен во тираж од околу милион примероци, од кои десетина илјади ќе бидат испратени во странство.

Во тој број ќе биде додаден прилог од цртежи на убиените карикатуристи. Главниот уредник на неделникот, кој беше тешко ранет на 7 јануари 2015 година, напишал вовед во кој ги критикува фанатиците и оние што му посакуваа смрт на весникот кој се „осмелува да се исмева со верите“.

Најчитани вести