Србија во шок: Почина поранешен фудбалер на „Црвена звезда“

Србија во шок: Почина поранешен фудбалер на „Црвена звезда“

Шокантна вест ја потресе Србија и кинескиот тим Kингдао. Српскиот фудбалер Горан Гогиќ починал во Кина по тренингот со својот клуб во кој оваа година пристигна од „Црвена звезда“.

Гогиќ во петокот попладне по тренингот, пренесуваат српските медиуми, во автобусот одеднаш загубил свест, итно бил префрлен во болница, но лекарите не можеле да му помогнат и во 23 часот вечерта констатирана е негова смрт.

Кинеските медиуми јавуваат дека 29- годишниот фудбалер изледал добро на тренингот и по него, наводно се смеел и разговарал со колегите од тимот и никој не претпоставувал дека ќе се случи трагедија.

Гогиќ во Кина замина по освоената титула со Црвена звезда, а играше на позицијата стопер. Роден е во Врбас, а играше уште за Јединство, Чукарички, Напредак Крушевац, Јавор, Јагодина и во Црвена звезда пред да замине во Кина.

Извор: Курир.мк