Ѓоковиќ експресно до финалето во Рим

Новак Ѓоковиќ со само еден загубен гем во полуфиналето успеа да го совлада Домик Тием и да се пласира во финалето на Мастерсот 1000 во Рим.

Тој беше подобар од Тием со 6:1 и 6:0 во гемови, а денес во финалето ќе игра против Александар Зверев, кој со 2-1 во сетови го победи Џон Изнер.

Почетокот на финалето е во 16 часот, а претходно во женското финале ќе играат: Симона Халеп и Јелена Свитолина.