Ѓоковиќ и Федерер се изборија за осминафинале во Индијан Велс

Ѓоковиќ во 16-от меч со Дел Потро стигна до 13 победа и за него јубилејна 300. на Мастерс турнирите.

Негов противник во следната фаза ќе му биде Ник Кирјос од Австралија.

Федерер во 3.коло беше поуспешен од Стив Џонсон со 2-0. И двата сета швајцарскиот тенисер го доби во тај-брејкот 7:6 (7-3) и 7:6 (7-4).

Противник во осминафиналето на Федерер ќе му биде Рафаел Надал кој во 3.коло го совлада Фернандо Вердаско.