Ѓоковиќ испадна на стартот на мастерсот во Мајами

Поранешниот прв светски рекет, Новак Ѓоковиќ загуби на стартот од мастерс турнирот во Мајами од францускиот тенисер Беноа Пер со 2:0 во сетови.  Првиот сет беше рамноправен до 3:3, а потоа Пер доби два брејка и го освои сетот со 6:3.  Ѓоковиќ немаше сила, тешко се движеше на теренот, а тоа знаеше како да го искористи Французинот, го доби вториот сет со 6:4 и дојде до победата.

Турнирот во Мајами е еден од омилените турнири на Ѓоковиќ кој го освојувал шест пати во кариерата. Со овој пораз Србинот ја прекина серијата од 16 победи на овој турнир.

Натпреварот одговори на прашањето дали повредата на лактот на десната рака е минато за Ѓоковиќ. Поради повредата тој не одигра најдобро на Австралија Опен, како ни во Индијан Велс каде испадна исто така на стартот, но играше за прв пат по операцијата на раката. Пред Мајами Србинот тврдеше дека е подготвен и дека веќе не чуствува болка.