понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 60

Ѓоковиќ ја изневерувал Јелена со оваа Индијка?

novak-neverstvo-640x360

Последни вести

Приказната на италијанскиот весник „Газета дело спорт“ добива нов тек, според кој изгледа дека боливудската афера на Новак Ѓоковиќ не била чаршиски муает.

Пред извесно време се шушкаше дека Ноле имал авантура со една позната индиска актерка, Дупико Падукон, и тоа ни две години по венчањето на црногорскиот Свети Стефан и по добивањето на синот Стефан. Во нaплив на бес Јелена тогаш, наводно, ги одвоила банковните сметки, што е чекор кон разделба од тинејџерската љубов.

Имено, тогаш се пишуваше со доза на подбив кон жолтиот печат, дека сите славни личности барем еднаш во својот живот се нашле во „љубовна афера“, која ќе им ја смести жолтиот печат. Ваква судбина го снајде и светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, откако англиските медиуми го наместија дека имал афера со Индијката Дуплика Падукон.

novak2-neverstvo novakkkk

Новак и Јелена ја запознале индиската актерка преку заеднички пријател. Семејството Ѓоковиќ и актерката во исто време престојувале во Лос Анџелес, па британските медиуми, односно „Дејли меил“, го искористи тоа за да ја пласира екскулзивната информација дека тенисерот и актерката биле заедно на вечера, а потоа заедно ја поминале и ноќта.

По шокантниот пораз во третото коло на Вимблдон се зборуваше дека не се работи за повреда или пад на формата на најдобриот тенисер туку за семејни проблеми, а во интервјуто за „Тајм“, тој само го потврди тоа и додаде дека секој во животот се наоѓа пред предизвици и дека тие се решаваат, па оттука се претпоставува дека Ноле ги решил проблемите со Јелена.

novak3-neverstvo

Тие се во врска од тинејџери, па не е ни чудно по толку време да се најдат во криза.

Најчитани вести