Ѓоковиќ конечно победи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Јапонецот, Кеи Нишикори во првиот круг од Мастерс турнирот во Мадрид. Србинот победи во интересен меч со пресврти со резултат 7: 5, 6: 4, по малку помалку од два часа игра.

Во наредното коло Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од дуелот Едмунд – Медведев .

Ова беше 12-тиот успех на Новак Ѓоковиќ во натпреварите со Нишикори, а 11-то по ред, од 2014 година, кога Јапонецот славеше во полуфиналето на  УС Опен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.