Ѓоковиќ вторпат станаа родители

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го доби второто дете, девојченцето Тара, пренесуваат белградските медиуми.

Сопругата на Ѓоковиќ, 31-годишната Јелена, родила во саботата вечерта здраво девојченце.

Двојката веќе го има синот Стефан, кој наскоро ќе наполни три години. Нова често истакнува дека Стефан му е најголемата мотивација во професионалните и животните предизвици.

Обожавателите на некогашниот прв рекет во тенисот, му честитаат на 30-годишниот Ѓоковиќ на второто дете.

Новак Ѓоковиќ, кој во моментов е петти тенисер на светот, ја заврши тениската сезона во јули поради повреда на лактот.