Спорт

Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон

Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон
Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон бидејќи во третото коло го победи Австралијанецот Бернард Томиќ со 6:3,6:3,6:3.

Томиќ кој важи за одличен сервер не успеа посериозно да му се закани на Ѓоковиќ.

Првиот рекет на светот по 90 минути го доби мечот и дојде чекор поблизу до одбрана на титулата на Вимблдон.

Неговиот противник во борба за четвртфинале ќе биде Кевин Андерсон од Јужна Африка, кој беше подобар од Аргентинецот Леонардо Мајер. Тоа ќе биде нивна шеста средба. Ѓоковиќ води со 4:1 во победите и ги доби последните четири меча.