Легендарниот детектив Френк Дребин, кој во серијалот филмови „Гол пиштол“ го играше урнебесниот Лесли Нилсен, се враќа на големото платно.
Во таа улога ќе влезе Ед Хелмс, а сценариото ќе го пишуваат Томас Ленон и Р. Бен Гарант кои ги напишале „Ноќта во музејот“ и „Рено 911“.
Студиото “Paramaunt” најави дека од франшизата „Гол пиштол“, која започна во 1988 година, очекува многу.