Голден Стејт го совлада Торонто

торонто

Голден Стејт победата ја обезбеди по првата четвртина, која ја доби со 42:17, а на полувреме имаше водство од 72:55. Во вториот дел Торонто успеа само да го намали поразот.

Кај домаќинот Голден Стејт се истакнаа Стеф Кари со 28 поени, додека Кевин Дјурант имаше 22 поена и 17 скокови. Најефикасен на дуелот беше ДеМар ДеРозан од Торнто со 29 поени.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:

Орландо – Шарлот 101:120,
Вашингтон – Индијана 111:105,
Атланта – Њујорк 102:98 (продолжение),
Детроит – Милвоки 94:119,
Чикаго – Бруклин 101:99,
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 102:98,
Сан Антонио – Феникс 119:98,
Денвер – Минесота 105:103,
Портланд – Сакраменто 102:89 и
Голден Стејт – Торонто 121:111.

Пласман Источна конференција: Кливленд 23-7 (победи-порази), Торонто 22-9, Бостон 19-13, Шарлот 18-14, Њујорк 16-15, Атланта 16-16, Милвоки 15-15, Чикаго 16-16.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 28-5, Сан Антонио 26-6, Хјустон 24-9, ЛА Клиперс 22-12, Оклахома Сити 20-12, Јута 19-13, Мемфис 20-14, Сакраменто 14-18, Денвер 14-18.