Голден Стејт ја победија Јута

Кошаркарите на Голден Стејт ја победија Јута со 106:91 и ја забележаа петтата последователна победа зацврстувајќи се на чело на западната конференција.

Најефикасен во победата на Вориорси беше Стеф Кари кој постигна 24 поени, а неговиот тим стигна до 56-тата сезонска победа.

Леандро Барбоса додаде 19, додека Дрејмонд Грин имаше 15.

Кај гостите се истакнаа Дерик Фејворс со 21 и Треј Бурк со 20 поени.

Мемфис го победи Портланд со 97:86, но тоа не е најлошата работа која им се случи на гостите, бидејќи им се повреди еден од најдобрите кошаркари Ламаркус Олдриџ. Тоа беше четврти последователен пораз на Блејзерси, а најзаслужен за тоа беше Мајк Конли кој имаше 21 поен и 9 асистенции. На спротиваната страна Лилард беше најефикасен со 27 поени и 7 асистенции, но тоа не беше доволно Портланд да го избегне поразот.

НБА резултати:

Голден Стејт – Јута 106:91

Хјустон – Феникс 102:117

Мемфис – Портланд 97:86

Индијана – Бруклин 111:123

Детроит – Чикаго 107:91