Голден Стејт ја совладаа Атлантa, но повторно останаа без Кари

Голден Стејт Вориорс беа подобри со 106:94 од Атланта Хоукс, но оваа победа ќе биде горка поради повредата на Стеф Кари, кој само што закрепна од повредата на глуждот.

Повредата на Кари е уште потрагична затоа што го повреди коленото во сударот со соиграчот Џевејл Мекги во третата четвртина. Првите лекарски наоди укажуваат дека Стеф Кари го истегнал левиот медијален колатерален лигамент. До повредата Кари, кој поради повредата на глуждот пропушти шест натпревар, постигна 29 поени, додека Ник Јанг додаде 24 кошеви.

Индијана Пејсерс со 109.104 ги совладаа Лос Анџелес Клиперс. Бојан Богдановиќ постигна 28 кошеви, 5 скокови и три асистенции за победниците, а Виктор Одалипо и Тадеуш Јанг постигнаа по 18 односно 16 поени. Кај Клиперс најдобар беше Лоу Вилијамс со 27 поени и 10 асистенции, Харис додаде 18 кошеви, а Џордан 14 поени и 11 скокови.

По оваа победа, Индијана која има сооднос на победи и порази 42:31 ќе треба да забележи уште една победа или Детроит Пистонс да бидат поразени за да обезбеди настап во плејофот. Тоа може да се случи уште во ноќта кон саботата доколку Детроит загубат на гостувањето кај Чикаго Булс. Доколку Пистонс победат, пак, Пејсерс ќе мора самите да решаваат со победа над Мајами Хитс во недела пред своите гледачи.

Тратата екипа во Источната конференција, Кливленд Кавалирс немаа многу проблеми со последниот тим во Западната конференција, Феникс Санс, кои ги совладаа со 120:95. Кавалирс на полувремето направија предност од 17 поени, која не ја испуштија до крајот на мечот.

Леброн Џејмс беше најефикасен играч на мечот со 27 поени, 6 скокови и 9 асистенции, а Кевин Лав додаде 20 поени. Санс и предводеа Дрој Даниелс со 20 и Маркиз Крис со 19 кошеви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.