„Голдман Сакс“: Еврото и доларот ќе се изедначат до 2017 година

Еврото до јануари 2017 година веројатно ќе се изедначи со доларот, а до јануари 2018 година би можело да се намали за 90 центи, се наведува во последните прогнози на американската инвестициска банка „Голдман Сакс“, пренесува МИА.

– Еврозоната, иако кон средината на 2012 година излезе од должничката криза, овој регион се уште има проблеми со забавување на економскиот раст, нагласуваат аналитичарите на „Голдман Сакс“.

Од таа причина тие предупредуваат дека ќе продолжи слабеење на еврото во однос на доларот, а истовремено додаваат и дека претстои пролонгиран период на јакнење на американската валута, која ги одржува растот на американската економија и најавените потези на Федералните резерви.

фото: divas.name