ТОП,Македонија

Голдсатјн во Албанија: Огледајте се на Македонија за реформите

Голдсатјн во Албанија: Огледајте се на Македонија за реформите

Огледајте се на Македонија за реформите. Оваа порака ја упати директорката на Светската банка за југоистона Европа, Елен Голдстејн во интервју за тиранската телевизија Топ-чанел.

Таа и препорача на Албанија да се огледа на Македонија при реформите во економијата и создавањето бизнис клима, пренесе МИА.

Повеќето балкански земји се некаде на средината на светското подредување на економиите и тоа не е доволно. За да бидеш светска дестинација за инвестиции, треба да бидеш една од најдобрите. Од оваа гледна точка многу интересно е да се види вашиот сосед Македонија, која оваа година е рангирана 12-та во светот и постојано е меѓу 25-те или 30-то први земји во светот. Ова е еден стандард кој може да го постигне секоја земја на Балканот, доколку ги забрза реформите. Огледајте се на Македонија. Сметам дека и Албанија може да го направи тоа ако ги забрза реформи, изјави Голдстејн.

На прашањето кои се препораките на Светската банка за албанската Влада, таа одговара дека тоа се забрзување на реформите во областите каде има слабости.

На прво место се дозволите за градба. Сега кога административно-територијалната реформа е донесена, законот треба нормално да функционира. Други области се енергетиката, посебно времето и цената за приклучок во електромрежата. На крај е плаќањето на даноците. Овде не станува збор за товар, што помалку или повеќе е на иста линија со регионот и земјите на ЕУ. Проблемот е во бројот на плаќањата и времето кое овој процес му го одзема на бизнисот, вели директорката на Светската банка за југоисточна Европа.

Освен енергетиката и даноците, две други области каде, според неа, реформите треба да се продлабочат се имотните прашања и системот на закони.

Ова се области каде бирократијата создава доцнење во време и предизвикува поголеми трошоци. Паралелно таа создава можности за корупција, што е товар за бизнисот. Ние работите со Владата , помагаме во реформите, зашто Владата навистина има потреба од двојно зголемување на напорите за да ја издигне високо земјата, смета Голдстејн.

Според извештајот на „Дуинг Бизнис” на Светска банка, Албанија е на 142-ро место меѓу 189-те земји во светот или изгубила 35 места, што предизвика низа политички дебати и остри критики до актуелната Влада.