Голем блакански карате семинар во Скопје

На 29 и 30 март во Скопје во Спортскиот центар Борис Трајковски (мала сала) со почеток од 19 часот ќе се одржи Голем блакански карате семинар кој о многу нешта е единствен на овие простори, бидејќи се одржува во низа од 26 до 31 март во три држави со врвни мајстори од Македонија, Србија и Бугарија.

Семинарот почнува на 26 и 27 март во Ниш, Србија, потоа се сели во Лесковац на 28 март, на 29 и 30-ти е во Скопје, а завршува во Софија на 31.

Семинарот ќе го предводат мајсторите Милан Ѓокиќ (6 дан) и Љубиша Шишкин од Србија, Зоран Пејов (5 дан) од Македонија и Тони Петров (7 дан) од Бугарија.

Сенсеи Милан Ѓокиќ е носител на мајсторски појас 6 дан и е следбеник на Казе ха рју шотокан стилот. Нашиот познат карате мајстор Зоран Пејов минатата година одржа три семинари во Кочани, Охрид и Ниш.

Тони Петров (7 дан) од Бугарија е мајстор и во каратето и џиу џицу и има клуб со околу 500 следбеници. Важи за еден од најдобрите мајстори во џиу џиуцуто на овие простори, така што карате џицу е прилика што не се проппушта и има голема примена во реалниот живот.

Во Скопје семинарот ќе се одржи во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 19 до 22 часот. Мајсторите ќе покажат интересни техники од начини на дишење како услов за сочувување на енергијата и свежината до карате џу џуцу итн.

Од друга страна, ова е можност да се продлабочат врските со Франција, посебно во обуката на младите каратисти за Олимпијдата во Париз 2024 година, како за карате спортот, така и за џиу џицуто.

Семинарот ќе го следат бројни високи гости од странство и од Македонија.