Голем божикен хороскоп: Каков ќе ви биде денешниот ден таква ќе биде цела година

Веќе чувствувате дека од вас се очекува да се фрлите на работата. Никој ништо директно не ви кажал, но моментално сте во фаза кога безделничењето го досегнало максимумот и повеќе неможе да се толерира. Сепак, вие ја користите приликата уште денес да се провлечете без некои поголеми активности. Тука моментално ви помага вашата неизбежна насмевка на чијшто шарнм никој неможе да одолее, а со оглед на вашата слаткоречивост успешно ќе се провлечете и денес.

Скорпија

Ова не е сосема идеален ден за вас. Можноста за конфликти и натаму е нагласена. Вербалните дуели како со домашните, така и со соработниците се речиси неминовни. Наместо без причина да се нервирате би ви било подобро малку да се опуштите и проблемите да ги решите дипломатски. Малку тактичност нема да ви биде на одмет. Вашата агресивност ќе достигне критична точка, а тоа никому нема да му се допадне и не очекувајте дека тоа ќе го толерираат.

Стрелец

И денес ќе ја чувствувате љубовта во воздухот. Поточно таа околу вас се чувствува. Ја ширите како опоен мирис секаде кај што ќе се најдете и се гледа дека сте задоволни од моменталната ситуација на љубовен план. Со партнерот впловивте во хармонични води. Чувствата на нежност, приврзаност и пријатните мигови заедно е она што во моментов го опишува вашиот однос. Повремените изливи на страст ви доаѓаат како зачин и вие немате ништо против тоа.

Јарец

Ќе имате прилика…