Голем божикен хороскоп: Каков ќе ви биде денешниот ден таква ќе биде цела година

Ќе имате прилика некому да му помогнете. Доколку е во ваша моќ ќе се ангажирате и ќе дадете се од себе си тоа да го спроведете на дело, па и повеќе од она што од вас се бара или се очекува, а од друга страна настојувате тоа да го направите крајно дискретно, без помпезност, се со цел другата страна да не се чувствува непријатно. Вие сте вистински мајствор кога станува збор за читање на другите. Денес ќе се докажете некому што тоа ќе ви го цени во иднина.

Водолија

Кога станува збор за водолиите, за нив овој ден ќе биде во знакот на играта и забавата. Вие сте прекрасно расположени и просто ќе уживате во се што е пред вас – од мигот кога ќе ги отворите очите и ќе го вдишете воздухот. За вас денес се е совршено и добро. Пратнерот е маѓепсан од оваа ваша карактеристика нештата да ги согледате од некој поведар агол и на се да дадете нова и поубава димензија. Ќе ви се придружат во се што ќе предложите.

Риба

Вие денес, иако сте малку исцрпени, сепак ќе се чувствувате одлично. Ви одговара малку помирно темпо, па ќе дадете се од себе си да  го осигурате. Поточно нема ниту со прст да мрднете ако од вас се очекува нешто на што во текот на денот немате желба да се впуштите. Вашата тактита на игнорирање денес секако ќе пали, па свесни за тоа, со таа тактика и ќе се користите. Кога станува збор за партнерот, тој во целост ќе ве поддржува.