Голем број битолчани рекоа ДА за избори, НЕ за деструкциите на СДСМ

Масовен број битолчани и денеска излегоа на Широк Сокак за да дадат поддршка за Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).

Граѓаните на Битола масовно се собраа да кажат ДА за избори и НЕ за деструкциите на СДСМ и Зоран Заев.

gdom-bitola1

„За Македонија се работи“ порачаа илјадници граѓани на мирниот собир. Бараат одржување на избори на 5 јуни со цел излез од кризата и нормализирање на состојбата во Македонија.

Битолчани велат дека само на мирен начин, без насилство и демократски преку избори може да се надмине кризата предизвикана од СДСМ.