Македонија

Голем број на активности на ЈП „Улици и патишта“

Голем број на активности на ЈП „Улици и патишта“

Јавното претпријатие „Улици и патишта”, по налог на Градот Скопје изминатиов период изведува голем број активности на терен каде што носител на работите е ова претпријатие.

Изминатиов период извршена е санација на ударните дупки на голем број улици и булевари во сите општини во Градот Скопје и се вградени 335 тони асфалт, а во моментов екипите на ЈП „Улици и патишта” работат на санација на ударните дупки на потегот од Средно Водно кон Државна болница.

Покрај санација на ударните дупки на коловозот, изминатиов период извршена е санација на тротоарот на улица Христо Татарчев, а во тек е санацијата на тротоарот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“.

Екипи на ЈП „Улици и патишта” изминативе денови на улицата Владимир Комаров поставија 50 заштитни столбчиња за да се овозможи безбедно движење на пешаците и да се спречи недозволено паркирање возила на јавните површини.