Голем број на новини во работата на Фондот за здравство од први јануари

Од први јануари 2014 година ќе важат нови петгодишни договори со здравствените установи со кои Фондот потпишува договори. Овие договори содржат новини кои се резултат на преговорите меѓу Фондот и претставниците на лекарите, односно Лекарска комора на Македонија – ЛКМ и Здружението на приватни лекари на Македонија – ЗПЛРМ.

Фондот овозможува повеќе време за пациентите преку административно олеснување кај лекарите. Наместо секоја година да се потпишуваат договори со Фондот, од први јануари договорите ќе имаат важност од пет години што претставува големо растоварување за докторите. Наместо хартиено потпишување, договорите се потпишуват електронски за 30 секунди наместо како досега да бидат потребни неколку дена, се заштедува време, човечки ресурси, 400.000 страници хартија и друго.

Веќе е воведено електронско пријавување и одјавување на осигуреници кај матичен лекар, за само неколку секунди наместо претходна процедура од неколку денови. Во 2014 година преку веб порталот на Фондот ќе им овозможи на здравствените установи електронско доставување податоци, спецификации и креирање на фактури до Фондот, електронско издавање и заверка на потврди на ортопедски и други помагала.

Во првите три месеци од 2014 година во договор со матичните лекари и нивните софтверски куќи, наместо хартиено водење на документација, се воведува единствено електронско водење на долкументација ( е- дневник и е-картон; кратење – наместо тројна евиденција сега се ќе се пополнува на едно место) Постепено укинување на здравствената книшка; Побрза исплата на средствата на здравствените установи директно од трезорот на Фондот – наместо досегашната исплата од централа до подрачни служби на Фондот – па до здравствените установи, од јануари 2014 година исплатата ќе се реализира веднаш на сметката на здравствените установи (кратење на процедура од неколку дена)

Фондот ги зголеми средствата за избраните лекари за секоја скала дополнително по 5000 денари месечно, односно наместо минимумот 55.000 од јануари ќе исплаќа 60.000 а највисоката скала од 85.000 на 90.000 денари.Стимулација на новите избрани лекари од општа медицина и гинекологија – секој нов избран лекар ќе добива 40.000 денари во текот на 18 месеци, во зависност од бројот на пациенти. Исплата на 100 осто за превентивни цели за првото тромесечије на секој нов избран лекар; Стимулација на гинеколозија за прикрепување на што е можно повеќе осигуренички со дополнителни 25 илјади денари месечно.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.