вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 57

Голем број проекти се реализираат, вложени над 17 милиони евра

gruevski-trajanovski-768x423

Последни вести

Во речиси сите општини на подрачјето на град Скопје во моментов се одвиваат интензивни градежни активности.

-Во моментов се работи во сите општини во Скопје. 17,7 милиони евра се вложени во 10 до 15 проекти, вели градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски во разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешното официјално пуштање во употреба на пробивањето и проширувањето на булеварот „Партизански Одреди“.

Во Карпош наскоро ќе започне да се работи на третиот дел од паркот „Македонија“, како и на поставување на фекална канализација. Во Центар се работи на булеварот „Тодор Александров“, а идната година се планира реконструкција на „Павел Шатев“.

Во општина Аеродром пак, во тек е проширувањето и реконструкцијата на дел од „3-та Македонска Бригада“, додека Трајановски кон крајот на август очекува во употреба да биде пуштен булеварот „АСНОМ“ кон „Тодорв Чангов“. Третиот проект е Рајскиот парк во Аеродром.

-Еден од најголемите проекти се во Кисела Вода, а тоа е третата фаза од булеварот „Борис Трајковски“ од Стаклара, па се до Пинтија, ова беше најлош пат. Втор проект кој е многу значаен е булеварот „Србија“ кој ќе го продолжиме до „Христо Татарчев“. ЈП „Улици и патишта“ ќе се исели комплетно и ќе има голем кружен тек, кај последна „24“. Го почнавме пред неколку дена и реконструирањето на „Народни Херои“. Работиме од „Борис Трајковски“ да дојдеме позади кај новата Железничка станица, акционерите од Тутунски комбинат ни дадоа согласност , ги проверивме плановите, ќе почнеме со проектирање. Кога ќе се заврши овој проект многу ќе се растерети сообраќајот, а ќе се направи уште едно поврзување на општина Аеродром со Кисела Вода, истакна Трајановски.

Завршено е проширувањето на „Цветан Димов“, а интензивни активности се одвиваат и на проширувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ меѓу Чаир и Бутел. Трајановски информираше дека очекува овој булевар да биде пуштен најдоцна во октомври.

Планирана е реконструкција и проширување на улицата „Македонско косовска бригада“ која излегува од Шуто Оризари и се спојува со Пластичарска улица.

Трајановски додаде дека се работи и во општина Гази Баба, а инфраструктурни проекти се завршени и во Сарај. Планирани се уште голем број проекти со сите општини кои имаат за цел да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и да го намалат сообраќајниот метеж.

Најчитани вести