Голем број Срби бараат азил во Германија

Барање за азил во Германија, од Србија најчесто поднесуваат Роми, кои се многу сиромашни, кои во текот на престојот во оваа европска земја добиваaт помош која често пати е поголема од парите со кои располагаат во нивните домови.

Со 18.001 барање, Србија е прва земја по бројот на подносители на барања за азил во Германија минатата година, што е пораст за повеќе од 40 отсто во однос на 2012-та година.

Тој пораст започна по укинувањето на визите за Србија, Македонија и Црна Гора, кои патуваат во земјите од Шенген зоната на крајот на 2009-та година.

Во текот на таа година само 581 лице од овие земји побарало азил во Германија, но неколку години подоцна драстично се зголемил тој број.

Најголем дел од барателите се од ромска националност, а се решаваат на тој чекор поради лошите услови за живот во нивните матични земји.