Голем дел од Скопје денеска без струја

Во периодот од 9 до 15 часот без снабдување со струја ќе останат корисниците од викенд населбата Морани во општина Студеничани и од улицата „Партение Зографски“ бр.20, 22, 24, 26, 28, 30 и дел од улицата „Востаничка“ бр.1 во општина Центар.

Дел од корисниците од село Љубин, општина Сарај ќе бидат без струја од 9:30 до 15 часот.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.