Голем годишен хороскоп: Еве што ве очекува оваа година

Се прашувате дали 2016 година ќе ви ги донесе успесите за кои сонувате? Ве интересира кога и во кои сфери ќе доживеете успеси, а каде ќе наидете на пречки и предизвици? Прочитајте го големиот годишен хороскоп за оваа година и дознајте што би можеле да очекувате.

Овен

Љубов: Оваа 2016-та година ќе биде многу посериозна од претхпдната. Ќе брзате со обврските како да нема утре, оставајќи си помалку време за забава и романтика. За среќа, вие сте една од ретките личности кои знаат да ги претвораат здодевните рутини во магични моменти, па луѓето ќе се чувствуваат прекрасно околу вас.

Под влијание на Јупитер, кој до 9 септември ќе патува во вашата 6-та куќа на аналитичкото размислување, ќе бидете попретпазливи на љубовен план и внимателно ќе го анализирате секој детал пред да донесете одредена одлука.

Припадниците на овој знак што се сами, годинава ќе одлучат да влезат во врска, но без премногу да се обврзуваат, додека други ќе го направат високото мислење на спротивниот пол за нив уште повисоко, однесувајќи се недостижно.

Сексапилниот Марс двапати оваа година ќе патува низ соѕвездието Скорпија, во вашата 8-ма куќа на сродните души, сексот и интимноста – од 3 јануари до 6 март и од 27 мај до 2 август. Овие периоди за многу овни ќе донесат прекрасни вести на љубовен план како свршувачка и бременост. Не се изненадувајте ако го дочекате Св. Валентин со прстен на раката. Доколку сте сингл, големи се шансите во овие периоди да пронајдете некого за кого ќе чувствувате како да го познавате отсекогаш.

Доколку одредена љубовна одлука ви се провлекуваше со месеци, делумнoто затемнување на Месечината на 23-ти март ќе ве натера да ги кажете финалните зборови на таа тема. Време е за промени, а вие ќе бидете подготвени за нив.

Најубавиот период од годината за вас ќе започне на 5-ти април, кога романтичната Венера ќе се пресели во вашиот знак, а еден од најубавите денови од 2016-тата за вас ќе биде 12-ти април. На тој датум Венера и Марс ќе се здружат за да ве направат најсаканата личност на планетата.

Сонцето од 20 март до 19 април ќе престојува во вашиот знак. Ќе ја дувнете роденденската торта со најомилената личност покрај себе.

Очекувајте љубовни авантури и страсни доживувања во периодот од 12 јули до 5 август, кога Венера, планетата на љубовта, ќе патува низ вашиот сектор на страста и флертувањето. Венера ќе ја потенцира вашата привлечност, па многумина нема да кријат дека копнеат за место во вашето срце. На 9 септември Јупитер, планетата на среќата, влегува во вашата 7-ма куќа на љубовта и зближувањето, носејќи ви долга низа од страсни и романтични моменти за паметење.

Во последната четвртина од годината, некои сингл овни ќе пронајдат зрела личност со која ќе кројат планови за иднината, додека други ќе се заљубат до уши во лице кое не е нивен тип. Спротивностите навистина се привлекуваат.

Работа и пари: Новата 2016 година ќе ве поттикне да ги соберете парчињата од сложувалката наречена ваш живот и да ги наредите онаму каде што припаѓаат. Често ќе велите „Имам многу работа“, затоа што навистина ќе имате милион работи на ум.

Јупитер ќе престојува во вашата куќа на организираноста во првите 8 месеци од годинава, поттикнувајќи ве да си го направите животот колку што е можно поедноставен и поорганизиран и поподреден. Оптимистичката планета постојано ќе ви помага да ги разединувате невозможните проекти на мали, лесно достижни задачи, кои ќе ви носат задоволство.

Сатурн, планетата на структурата, ќе престојува цела година во вашата 9-та куќа, учејќи ве дека треба да ризикувате за да бидете успешни, но Јупитер постојано ќе ве потсетува дека ризиците треба да бидат пресметани и поддржани со добар план. Сатурн ќе остане тука до 2017 година, па можно е да ви се пружи можност да заминете на работа или студии во друга држава, а ако имате свој бизнис, да го проширите зад граница. Сатурн е за бавен, но сигурен напредок, па не очекувајте резултати преку ноќ. Успехот ќе доаѓа за вас во повеќе фази, бидете трпеливи.

Бидејќи Јупитер, планетата на среќата, ќе се движи ретроградно од 7 јануари до 9 мај, успехот ќе доаѓа бавно за вас. Често ќе се навраќате на минатите грешки за да извлечете лекции од нив и за да не ги повторувате повеќе.

Затемнувањето на Сонцето кое ќе настапи на 1 септември ќе ве поведе кон врвот со неверојатно брзо темпо. Околу овој датум ќе завршите екстремно важен проект или ќе го составите тимот од соништата со кој ќе наздравувате за многу успеси.

Вашите напори ќе го дадат посакуваниот плод на 16 октомври, кога ќе настапи полна месечина во вашиот знак. Очекувајте голем триумф.

Здравје: Оптимистичкиот Јупитер ќе престојува во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот до 9 септември, поттикнувајќи ве да ги прифаќате и најамбициозните планови за вежбање и режимите на исхрана кои отсекогаш ве плашеле. Под влијание на оваа планета, постојано ќе бидете мотивирани да бидете во топ форма. Ќе живеете здраво и ќе се храните уште поздраво.

Превентивните здравствени прегледи ќе бидат уредно означени на вашиот календар. Доколку сте имале проблем кој досега го игнориравте, Јупитер ќе ви го сврти вниманието кон него и ќе ве поттикне да побарате стручна помош. Избегнувајте ја желбата да ги проверувате симптомите на интернет, зашто претставниците на вашиот знак често знаат да бидат хипохондрици.

Можно е да почувствувате значително зголемување на апетитот. Гледајте да ги полните своите чинии со нискокалорични зеленчуци.

Затемнувањето на Сонцето кое ќе настапи на 1 септември ќе ве поттикне да ги намалите или отстраните изворите на стрес и да не го земате здравјето здраво за готово.

Бик (повеќе на следната страница…)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.