Голем годишен хороскоп: Еве што ве очекува оваа година

Риби

Љубов: Кажете ѝ добредојде на најсреќната година на љубовен план за вас. Јупитер, планетата на среќата и оптимизмот, до 9 септември ќе патува во вашата 7-ма куќа на љубовта и зближувањето, а потоа ќе премине во вашиот сектор на интензивните чувства и интимноста. Ако некој има право да се нарече среќник во љубовта оваа година, тоа несомнено ќе бидете вие.

Во првите 8 месеци авантуристот Јупитер ќе ве поттикнува да излегувате од вашата сигурна зона, да им давате шанса да ви се приближат на лицата со различен карактер од вашиот и да скокате во непредвидливи авантури. Можно е да започнете врска на далечина или заедно со саканиот да се преселите во нов град. Ако сте во врска, ви претстои продлабочување на врската. Некои риби ќе одлучат да се преселат под ист покрив со партнерот, други да стапат во брак, додека трети ќе ги здружат своите финансиски ресурси.

Венера, планетата на љубовта и убавината, на 12 март влегува во вашиот знак, давајќи ви шарм и магнетска привлечност. Под влијание на Венера, големи се шансите да започнете нова врска. Купидон ќе ве годи постојано со својата стрела, едноставно вие треба да одлучите кога ќе дозволите да биде погодено вашето срце.

Таинствениот Нептун, кој е и ваша планета владетел, до крајот на 2016 година ќе престојува во вашиот знак. Мистериозноста ќе ви стане заштитен знак, а за спротивниот пол ќе бидете најслатката загатка. Под влијание на Нептун, можно е да сретнете личност која ќе ги излекува раните од вашето минато и ќе ви покаже дека љубовта не завршува секогаш со скршено срце. Таа личност ќе ви ја врати вербата во луѓето. Во врска сте? Можно е често да ви се појавуваат неосновани сомнежи кон вашиот сакан, но тој ќе прави сè за да ви докаже дека сте единствената личност во неговиот живот.

Од 30 август до 22 септември Меркур, планетата на комуникацијата, ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на сериозните врски. Во овој период е потребно да биете потолерантни кон саканиот и да ги прескокнувате бесмислените расправии. Големи се шансите тогаш да никнат на површина стари нерасчистени проблеми или да се врати во вашиот живот ваш поранешен партнер.

Сериозниот Сатурн ќе ја помине цела година во вашата 10-та куќа на мажите. Ќе сретнете лице кое ќе ве освои не со привлечниот изглед, туку со зрелиот начин на размислување. Ако нешто може да ве убеди да си го промените статусот сингл оваа година, тоа ќе биде ветувањето дека новата врска ќе трае доооолго време.

На 9 септември Јупитер ќе се премести во вашата куќа на интензивните чувства и интимноста, носејќи огромно подобрување во вашиот интимен живот. Ќе го гледате саканиот со жар во очите, а страста повторно ќе го освои просторот меѓу вас. Некои парови ќе одлучат да основаат семејство.

Крајот на годината ќе ве награди со сексапилност и заводливост. Привлечниот Марс на 19 декември влегува во вашиот знак, вжештувајќи ја атмосферата во вашата спална соба. Ќе заведувате со леснотија, но ќе ве заведуваат мошне тешко. Марс ќе ви ја зголеми желбата за физичка блискост, што значи дека токму пред крајот на годината ќе пронајдете лице во чија прегратка сакате да потонете.

Работа и пари: Успех и бројни можности за заработка ќе ви донесе новата година. Сериозниот Сатурн цела година ќе патува во стрелец, вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање, учејќи ве дека не треба да барате кратенки за да стигнете до врвот, туку дека треба да ги засукате ракавите и посветено да работите. Ви претстојат предизвици и високи цели, но вие лесно ќе ги совладувате.

Енергичниот Марс двапати оваа година ќе му се придружи на Сатурн во стрелец, вашиот сектор на кариерата – од 6 март до 27 мај и од 2 август до 27 септември. Ќе бидете како вредна пчела која не знае за доста и која со задоволство ги исполнува своите цели. Додека Сатурн ќе ве тера да се насочувате кон бавен, но сигурен напредок, Марс ќе ве мотивира да го забрзате вашето темпо на работа.

Форсирајте ги личните и самостојни проекти во текот на целата година. До 2018 година оригиналниот Уран патува во вашата 2-ра куќа на работата и парите. Оваа планета ве поттикнува да ја покажете вашата креативност без задршки, нешто кое воопшто не ви претставува проблем. Голема е веројатноста оваа година да ги искористите социјалните мрежи во своја корист или да го зголемите вашето онлајн присуство.

Јупитер, планетата на среќата, до 9 септември ќе престојува во вашата 7-ма куќа на партнерствата. Најголемите успеси ќе доаѓаат за вас кога работите со партнер, а тоа ќе се гледа уште појасно во последните месеци, кога Јупитер ќе се премести во вашата 8-ма куќа на заедничките инвестиции. Бројот два ќе биде моќен број за вас.

Пред крајот на годината ќе ја кренете чашата со шампањ за да наздравите за ваш голем успех под влијание на амбициозниот Марс кој по 19 декември ќе ве турка кон највисоките врвови.

Здравје: Најубавите лекции во следните 12 месеци ќе ви бидат на тема здравје. Ќе научите да се грижите за вашето тело и дисциплинирано да ги исполнувате вашите планови за вежбање и хранење. Строгиот Сатурн цела година престојува во вашата дисциплинирана 10-та куќа, поттикнувајќи ве да инвестирате во фитнес опрема која ќе ви помогне да ги исполните вашите цели.

Сепак, најтрајните навики ќе ги создадете за време на двете посети на Марс во вашата 10-та куќа (од 6 март до 27 мај и од 2 август до 27 септември). Марс ќе ја разбуди и вашата компетитивна страна, па ако професионално се занимавате со спорт, очекувајте низа победи.

До 9 септември Јупитер, планетата на оптимизмот, ќе патува во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства. Вежбајте заедно со ваш пријател или со вашиот партнер. Така ќе бидете помотивирани да не ги прескокнувате тренинзите.