Голем годишен хороскоп: Еве што ве очекува оваа година

Близнаци

Љубов: Оваа година ќе ви донесе волшебни семејни моменти, хармонични односи и цврсти како камен пријателства. Личниот живот ќе ви го краде вниманието, а работата ќе ви остане на заден план. Внимателно ќе ги избирате луѓето со кои сакате да го поминете остатокот од животот и ќе го претпочитате квалитетот пред квантитетот на друштвен план.

Сериозниот Сатурн ќе ја помине цела година во стрелец, во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето, каде ќе остане до крајот на 2017 година. За многу близнаци неговото присуство тука ќе донесе свршувачка, нова врска или брак.

Потребно е да научите да вложувате многу во вашата врска и да сфатите дека ако една врска е тешка за одржување, тоа не значи дека е и лоша. Ако сте сингл, конечно ќе пронајдете лице на кое вреди да му дадете шанса да ви се доближи.

Сатурн постојано ќе ви посочува кои се слабите точки во вашата врска, но не за да предизвика нејзино разрушување, туку за да ве поттикне да работите на нив. Не ги игнорирајте проблемите, туку сечете ги во корен.

Венера, планетата на љубовта, убавината и хармонијата, на 24 мај ќе се пресели во вашиот знак. Ќе ви се чини дека сите погледи се свртени кон вас и нема да бидете далеку од вистината. Во периодот од 24 мај до 17 јуни ќе имате многу шанси да го промените својот љубовен статус. Венера ќе ве претвори во неодолива заводничка.

Оптимистот Јупитер до 9 септември ќе престојува во вашата 4-та куќа на домот, семејството и жените. Некои парови ќе одлучат да купат заеднички дом, други ќе ги интензивираат разговорите за проширување на семејството, додека трети ќе станат родители. Доколку не сте во врска, сентименталноста и нежноста ќе ве направат неодоливи. Не се изненадувајте ако често ве прашуваат како успевате да бидете толку толерантни и полни со сочувство.

Марс двапати оваа година ќе ја посети вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето – од 6 март до 27 мај и од 2 август до 27 септември. Привлечниот изглед ќе ви стане како заштитен знак и ќе биде виновен за купот од понуди за љубовни состаноци. Избирајте мудро кои ќе ги прифатите.

Плутон, планетата на трансформацијата, е на половина пат од своето 16-годишно патување во вашата 8-ма куќа на интензивните чувства и интимноста. Ќе чувствувате колку пораснала вашата врска во изминатите години и ќе бидете благодарни за тоа.

На 9 септември Јупитер преминува во вашата страсна 5-та куќа. Независно од вашиот љубовен статус, ќе чувствувате огромна потреба да се дотерувате и флертувате. Во последната четвртина од годината ќе доживеете многу љубовни изненадувања. Јупитер е планетата на среќата, па на моменти нема да ви се верува дека сето тоа ви се случува токму вам.

Работа и пари: Јупитер, планетата на среќата, ќе ги помине првите 8 месеци од годината во вашата семејна 4-та куќа. Од присуството на Јупитер најголема корист ќе имаат вработените во области како угостителство, дизајн, модна индустрија за жени и работа со деца.

Многу близнаци ќе одлучат да ги инвестираат своите тешко заработени пари во нов дом или во реновирање на стариот.

Инспиративна жена ќе има огромна улога во случувањата во вашиот професионален живот оваа година. Таа ќе стане ваш ментор или ќе ви создаде можности какви што отсекогаш сте посакувале.

Голема е веројатноста да го добиете посакуваното зголемување на платата или унапредување околу 9 март. Ако не сте биле среќни со вашето работно место, тогаш ќе соберете храброст да го промените.

Креативноста ќе ви ја преплави главата на 9 септември, кога оптимистичката планета ќе се всели во вашата 5-та куќа цели 13 месеци. Не се изненадувајте ако постојано сте во центарот на вниманието на работното место.

Во јуни ќе започнете нов личен проект од кој ќе очекувате голема заработка. Ќе сфатите дека вашата проценка била точна на крајот на годината. Полната месечина, која на 14 декември ќе настапи во вашиот знак, ќе ви донесе голема сума на пари на банкарската сметка.

Здравје: Новата година нема да ви донесе предизвици кога е во прашање вашето здравје. Посветете повеќе внимание на емотивното здравје во периодот од 8 до 25 јануари, бидејќи Меркур ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на интензивните чувства. Медитирајте или едноставно издвојувајте си по 10 минути дневно за да си ги подредувате мислите и емоциите.

Енергичниот Марс двапати оваа година ќе ја посети вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот, одделувајќи ве од каучот и носејќи ве почесто во фитнес салата. Под влијание на оваа планета, ќе се насочите кон интензивни тренинзи кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, но и да влезете во топ форма. Во периодот од 27 мај до 30 јуни Марс ќе се движи ретроградно во шкорпија, па зголемен е ризикот од повреди при физичка активност. Бидете повнимателни.

Рак (повеќе на следната страница…)