Голем годишен хороскоп: Еве што ве очекува оваа година

Рак

Љубов: Годинава нема да можете да се пожалите дека ви недостигаат идеи, а уште помалку дека ви недостига љубов. Партнерот одеднаш ќе ви стане најдобар пријател со кого прво ќе сакате да ја споделите секоја вест. За многу сингл ракови ова ќе биде година за паметење на љубовен план.

Сексапилниот Марс двапати оваа година ќе ја посети шкорпија, вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето – од 3 јануари до 6 март и од 27 мај до 2 август. Љубовта ќе ве пронајде кога најмалку ја очекувате, дури и ако јавно кажувате дека не ја барате. Ако сте во врска, со саканиот ќе ги зачестите страсните посети на спалната, што за некои ракови ќе резултира со позитивен тест за бременост.

Убавата вест е што Сатурн го напушти овој ваш сектор во септември, па ќе бидете ослободени од неговите строги лекции. Луѓето нема да ве препознаваат, затоа што ќе се однесувате послободно отсекогаш. Сексапилот ќе ви стане заштитен знак.

И Венера, планетата на љубовта, убавината и хармонијата, оваа година ќе игра на ваша страна. Таа по двапати (на почетокот и на крајот на годината) ќе ги посети јарец и водолија, вашите сектори на партнерствата и интимноста. Венера ќе ве направи посклони кон започнување на нова љубовна врска, приредувајќи ви средби кои ќе ги бришат непријатните спомени од вашата глава. Најголема е веројатноста да сретнете специјална личност на почетокот на последната третина од годината, односно пред стартот на студената сезона. Најладните месеци ќе бидат најжешки за вас.

Раковите што се во врска ќе се израдуваат на подобрен сексуален живот, свршувачка или брак.

Летото 2016 година ќе ви започне со прекрасна романтична бајка под влијание на Венера, планетата на љубовта и убавината, која ќе започне речиси едномесечен престој во вашиот знак. Многу ракови ќе бидат во слатка дилема дали да започнат сериозна љубовна врска или само кратка летна авантура.

Од 21 јуни до 22 јули ставете се себеси на врвот од листата со приоритети.

Плутон, планетата на трансформацијата, е на половина од своето 16-годишно патување во вашата 7-ма куќа на љубовта и зближувањето. Ќе бидете поблиски отсекогаш со партнерот, иако луѓето нема да можат да го забележат тоа отстрана. Најголемите промени ќе се случуваат внатре во вас и нема да бидат видливи со голо око.

Работа и пари: Годината која доаѓа ќе ве направи вистинска машина за идеи, кои со задоволство ќе ги споделувате со светот.

Оптимистичката планета Јупитер до 9 септември ќе престојува во вашата комуникативна 3-та куќа, па во првите 8 месеци од годината ќе бидете центарот на работното место. Нема да ви недостига ниту смелост, ниту креативност, па колегите често ќе дотрчуваат до вас за идеи и совети. Некои ракови ќе станат трендсетери во сферата на технологијата. Само напред, прифатете го проектот кој никој друг не сака ни да го погледне.

Проверете ја својата банкарска сметка на 24 јануари. Под светлината на полната месечина во вашиот сектор на работата и парите, ќе финиширате проект кој ќе ви донесе голем прилив на пари.

Доколку сакате да започнете нов проект, направете го тоа на 4 јули. Тогаш настапува млада месечина во рак, маркирајќи идеален ден за започнување на профитабилни проекти.

Имајте предвид дека строгиот Сатурн цела година патува во вашата 6-та куќа на организираноста, поттикнувајќи ве да воведете ред во секое делче од вашиот живот. Вашата дисциплинираност ќе се подобрува постојано до крајот на 2017 година.

Годината ќе ви заврши со „бум“. Непосредно пред празниците инвентивниот Уран ќе го прекине ретроградното движење во вашата 10-та куќа на кариерата, уверувајќи ве дека ве очекува светла иднина.

Здравје: Намалување на стресот и времето поминато пред ТВ, зголемување на физичката активност и здрава исхрана – 2016 година ќе биде како создадена за да ви го промени начинот на живот.

Енергичниот Марс двапати оваа година ќе ја посети вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот – еднаш од 6 март до 27 мај и повторно од 2 август до 27 септември. Искористете ги овие периоди за да создадете здрави навики. Уплатете членарина во фитнес сала или на часови по аеробик и почесто полнете ја количката за пазарување со зеленчук и овошје.

И Сатурн ќе престојува во вашата 6-та куќа на здравите навики во текот на целата година. Строгата планета понекогаш на суров начин ни одржува важни лекции. Сатурн ќе ве научи дека не треба да барате кратенки кога е во прашање вашето тело и дух.

Ретроградното движење на Сатурн кое започнува на 25 март и ќе трае до 13 август можно е да врати здравствен проблем кој сте го оставиле зад себе, да ви ја зголеми анксиозноста или загриженоста, или пак, да ви ги направи тренинзите измачувачки. Најдете која е причината за тоа и не се плашете да побарате помош.

Лав (повеќе на следната страница…)