Голем годишен хороскоп: Еве што ве очекува оваа година

Вага

Љубов: Време е за промени! 2016 година ќе им стави крај на врските кои повеќе не ве исполнуваат и ќе создаде нови, кои ќе го будат најдоброто во вас. Ќе научите совршено да балансирате меѓу љубовта, работата и пријателството, нешто што ѝ е многу потребно на личност каква што сте вие.

Не планирајте ништо во љубовта во текот на првите 8 месеци од годинава, затоа што најубавите случки за вас ќе доаѓаат спонтано. Јупитер, планетата на среќата и оптимизмот, до 9 септември ќе патува во вашата 12-та куќа на фантазиите и сродните души. Оваа планета ќе ве натера да престанете да ги оценувате додворувачите според деталната слика која ја имате во вашата глава за тоа како треба да изгледа совршениот. Јупитер ќе ви покаже дека вашиот идеален сопатник не е лице со кое сте слични, туку лице со кое сте доволно различни за да можете да учите еден од друг.

Некои ваги кои се во врска ќе најдат внатрешна сила да му опростат на својот партнер за грешка која им ги нарушила односите, други одлучно ќе речат „крај“, додека трети ќе ги сместуваат своите фантазии во реалноста. Не грижете се, Јупитер е во вашата 12-та куќа за да ве подготви за крајот на едно поглавје, но и за почеток на ново, подобро.

Зрелиот Сатурн цела година ќе патува во стрелец, вашата 3-та куќа на комуникацијата, учејќи ве дека вашиот партнер не умее да чита мисли. Ако нешто посакувате, потребно е да си го побарате директно. Благодарение на Сатурн, ќе им се радувате на долгите мирни разговори со љубовта на вашиот живот. Доколку сте сингл, заведувајте со зборови во 2016 година. Да, погледот ќе ви биде моќен, но интелектот ќе ви биде далеку помоќен.

Венера, планетата на љубовта и убавината, двапати оваа година ќе го посети вашиот сектор на страста, романсата и флертувањето – еднаш од 17 февруари до 12 март и вториот пат од 7 декември до крајот на годината. Годината ќе ви заврши со истата романтична и топла атмосфера со која ќе ви започне.

Но, Венера ќе ви „вметне “ најголема страст во телото од 30 август до 23 септември, кога ќе го посети вашиот знак. Цели три недели ќе бидете како кралица на срцата, која не знае за доста кога е во прашање заведувањето.

На 9 септември Јупитер, планетата на среќата, влегува во вашиот знак и ќе остане таму 13 месеци. Ќе станете центарот не само на вашиот свет, туку и на луѓето околу вас. Ако досега се жртвувавте, боревте и ја погазувавте вашата гордост за другите, сега тие ќе го прават тоа за вас. Додворувачите ќе ви се одушевуваат, а саканиот ќе ве гледа со жар во очите. Уживајте!

Сексапилниот Марс исто така ќе се потруди да ви ги направи студените месеци од 2016 жешки. Црвената планета на 9 ноември ќе ја посети водолија, вашата страсна 5-та куќа и ќе ви даде силен магнетизам.

Имајте предвид дека и Уран, планетата на радикалните промени, цела година патува во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето. Оваа планета доаѓа тука еднаш на 84 години, менувајќи ги вашите најважни врски кон подобро.

Работа и пари: Време е да го намалите темпото со коешто летате низ животот. Јупитер, планетата на богатството, до 9 септември е во вашата последна куќа на одморот и завршетоците, поттикнувајќи ве да ги поминете првите 8 месеци од 2016 година во одмор и завршување на одамна започнатите проекти и задачи. „Исчистете“ го максимално вашиот живот за да можете лесни како пердув да започнете од почеток на 9 септември.

Сатурн, планетата-учител, претходната година ве научи на важноста на штедењето и на доброто менаџирање со парите, а оваа година ќе ве поттикне јасно и гласно да ги кажувате вашите оригинални идеи. Ова е првиот целогодишен престој на прстенестата планета во вашата куќа на комуникацијата и интелектот. Само напред, фрлете ги ограничувањата и стравовите и зборувајте за вашите идеи. Вашиот глас може да биде моќно средство во вашите раце доколку почесто го користите.

Енергичниот Марс двапати оваа година ќе му се придружи на Сатурн во вашата куќа на идеите – од 6 март до 27 мај и од 2 август до 27 септември. Во текот на овие периоди ќе остварите соработка од соништата или ќе се поврзете со влијателна личност желна да го финансира реализирањето на ваша идеја.

Одлични можности за заработка ќе никнат на вашиот професионален пат од 3 јануари до 6 март и од 27 мај до 2 август. Престојот на Марс во вашата куќа на богатството ќе ве направи вистинска машина за пари.

Лидерското место ќе биде резервирано за вас по 9 септември, кога среќниот Јупитер ќе започне 13-месечно патување во вашиот знак. Последните четири месеци од годината ќе ви го наполнат џебот и ќе ве охрабрат да ризикувате. Нема зошто да се плашите, среќата ќе биде на ваша страна.

Здравје: 2016 година ќе ви донесе одмор, внатрешен мир и збогување со здравствен проблем. Јупитер, планетата на оптимизмот, до 9 септември ќе престојува во вашата 12-та куќа на лекувањето, одморот и потсвеста. Можно е често да се чувствувате поспано и да имате ниска енергија, но одморот во првите 8 месеци ќе ве подготви за нов енергичен почеток откако Јупитер ќе се пресели во вашиот знак.

Таинствениот Нептун цела година е во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот, поттикнувајќи ве уште повеќе да ги подобрувате своите здрави навики кои ги создавате од 2011 година.

Можно е да бидете инспирирани да започнете да практикувате нов спорт, да пробате нов план за вежбање или нова диета на 9 септември. Под влијание на Јупитер, новитетите ќе ви ја зголемуваат мотивацијата и оптимизмот. Нов начин на живот? „Да, благодарам.“

Последните две недели на годината ќе ги крунисаат вашите тренинзи со резултат кој ќе ве одушеви. Со Марс во вашата 6-та куќа ќе постигнете своја амбициозна фитнес цел. Можно е конечно да го видите во огледалото тонираното тело кое отсекогаш сте го посакувале.

Скорпија (повеќе на следната страница…)