Голем хороскоп: Што ве чека за време на владеењето на Рак?

Водолија

vodolija-znak-1Работа – До 30-ти јуни, Меркур транзитира низ знакот на Близнаци, кој прави тригон со вашиот знак, што укажува на добар избор на цели и поддршка од околината во нивната реализација. Бидејќи немате многу време, забрзајте ги сите бизнис напори со цел да вродат со плод. Потоа следи една кратка, но интензивна криза што се однесува на договори за работа, а која е одбележана со промена на насоката на движење на Марс во вашето поле на кариера. Всушност, од 1 јули, Марс се движи директно и ги носи работите до точка на вриење, без разика дали околностите се позитивни или негативни. Советот е дека сите настани да ги забавите и да ги ставите под контрола, бидејќи било какви нагли промени не може да бидат доволно добри, барем не до втората половина на јули, кога Марс добива на квалитет благодарение на тригонот со Сонцето. Овој аспект ќе биде совршен на 15 јули, проследено со поволни денови за деловни промени. Сепак, и покрај придобивките, мора да имате на ум колку работите што одат заедно со новите бизнис аранжман се реални.

Љубов – хармоничен и мирен период до 12 јули, кога почнува низата настани што лесно може целосно да ви го променат животот.  На споменатиот датум Венера влегува во вашето поле на партнерства, и без оглед на тоа дали сте во брак или во врска и стабилноста на врската, воведува и трет играч на теренот. Тоа е личноста  за која што сте размислувале подолго време и која може да ја  идеализирате прекумерно. Случките стануваат покомплицирани од 14-ти јули, кога Меркур ќе се најде во истото поле, па повеќето комплицирани односи ќе станат уште понапнати. Советот е дека секоја одлука за завршување на врската и почнување на на нова треба да ја оставите за подоцна, кога работите ќе се смират. Со временска дистанца подобро ќе можете да ги процените тековните настани. Ако сте млади и слободни, особено ако сте склони кон врзување на долг рок, ова е вашиот момент. Летото почнува, околината е полна со голем број весели луѓе за сите видови на состаноци и вие сте во центарот на вниманието. Кога би посакал повеќе од тоа.

Здравје – Можни проблеми со дигестивниот тракт, желудникот, внатрешните органи. Сето ова е во еден мал хаос што бара дисциплина, особено до 30-ти јуни, додека Меркур ја нагласува потребата од систематски преглед.

За другите знаци повеќе на следните страници…