Голем хороскоп: Што ве чека за време на владеењето на Рак?

Скорпија

skorpija-znak-1Работа – Ретроградниот Марс, владетелот на знакот веќе некое време врши притисок и бара да се редфинираат голем број на односи меѓу кои и оние на работен план. Сепак не менувајте ништо додека не почне да се движи директно од 1-ви јули. Ни по самото свртување не би требало да ги форсирате нештата туку да дозволите самите настани да се наместат па дури потоа да повлекувате потези. Важно е околу вас да имате група соработници на кои можете да им верувате, затоа што комбинацијата од различните стратегии носи позитивни резултати, посебно кога сте под вакви аспекти. Во финансиска смисла, и покрај ваквата состојба на владејачката планета ќе бидете во позиција да ја зголемите вашата заработка и успешно да решите некои имотни или инвестициски прашања. Во периодот до 12-ти јули со влегувањето на Венера во вашето поле на кариерата и со отпочнување на тригонот со Сатурн во полето на парите, ситуацијата значително ќе се подобри. Од 13-ти јули со влегувањето на Меркур настаните ќе се умножат и ќе се стекнат услови за постигнување договори.

Љубов – Вашите емотивни интереси за одредена личност не се тајни, на што укажува и ретроградниот Марс во вашето прво поле. Движењето наназад носи свртеност навнатре и повеќе склоности да се посматрате себе со отколку да забележите дали постои во околината некоја личност што се интересира за вас. Оваа работа не претставува проблем за оние што се во врска, барем не поголема од повременото приговарање од страна на партнерот. Добрата околност е што Марс во поголемиот дел од периодот прави хармонични аспекти со Меркур и Венера, па приговарањето нема да се претвори во конфликт ниту да ја доведе во прашање врската. Ако сте млади или слободни, овој аспект може да донесе повеќе проблеми во остварувањето на комуникацијата. Можеби ви се чини како на некој начин да сте изолирани или невидливи за околината, но не е така. Доколку патувате, можна е романса со некој странец, што може да прерасне во сериозна врска.

Здравје – Поради позициите и состојбата на Марс, вклучете лесна физичка активност во секојдневната рутина и зајакнете ја дозата витамини, без разлика дали преку внесување повеќе овошје и зеленчук или пак во вид на таблети.

За другите знаци повеќе на следните страници…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.