Голем интерес кај граѓаните за откуп на дворовите и купување на возила

За време на презентацијата на отчетот на ВМРО-ДПМНЕ се говореше за голем број на проекти кои им помогнаа на македонските граѓани. Еден од проектите за кои имаше огромен интерес кај граѓаните е откуп на дворните места.

Груевски рече дека пред овој проект, луѓе и по 50 години биле кираџии на сопствен двор.

Откупот на дворни места беше еден од најпопуларните проекти, овозможи луѓето да станат газди на сопствениот двор и дом. Досега 302.000 апликации има, толку семејства аплицираа. 230.000 апликации се поднесени токму од кога е намалена цената по 1 евро за метар квадратен. Досега 180.000 барања се решени, а другите се во фаза на решавање, рече вицепремиерот Ставрески.

Заменик-министерот за економија, Кристијан Делев откри дека со намалувањето на акцизите и царините во Македонија се увезени 255.000 возила.

Оваа бројка е значајна бидејќи во голем дел го обнови возниот парк, ги направи нашите патишта да бидат посигурни. Само од почетокот на оваа година досега се увезени 2500 возила. Дополнително, не застанавме овде. Овозможивме легализација на тракторите и механизацијата и најновата мерка дозволивме тракторите да се регистрираат на 6 години, рече тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.