Голем интерес за караванот „Купи куќа, купи стан“ во Штип

Караванот „Купи куќа, купи стан“ вчера беше во Штип. Голем број штипјани синоќа ја посетија презентацијата на проектот што ја реализира Министерството за финансии, и имаа прилика да се запознаат со можностите што ги нуди овој проект.

Граѓаните преку проектот „Купи куќа, купи стан“ имаат можност под поволни услови да го решат станбеното прашање.

Голем интерес за караванот „Купи куќа, купи стан“ во Штип
Голем интерес за караванот „Купи куќа, купи стан“ во Штип

Од Министерството за финансии се задоволни од посетеноста на Караванот, кој од овој месец повторно тргна по градовите со цел да го доближи проектот до сите граѓани.

Во рамки на презентацијата, освен претставници од Министерството за финансии, пред граѓаните свои презентации одржаа и претставници од две градежни компании кои имаат понуда на станови во Штип. Дел од караванот се и банките кои ги информираат граѓаните за сите детали кои ги интересираат.

Караванот „Купи куќа, купи стан“, како што најавија од Министерството за финансии продолжува секоја наредна среда во друг град низ Македонија.

Планирано е да ги посети Велес, Куманово, Тетово и Струмица, а поради голем интерес од страна на граѓаните на агендата се најдоа повторно и Охрид и Прилеп.

Според информациите од Министерството за финансии, досега над 630 семејства во Македонија го решиле станбеното прашање со овој проект, а заинтересираност имало во сите градови.

Неколку модели за купување стан со проектот

Проектот „Купи куќа, купи стан нуди неколку модели за купување на стан. Првиот модел е „половина рата“ каде што државата плаќа половина средства за ратата во првите пет години и вториот модел е „пола учество“ за кое државата плаќа 50% од учеството за купување стан. Доколку граѓанинот се одлучи за изградба или купување на куќа, тогаш државата плаќа 75% од ратата за првите пет години или дава 75% од учеството.

Граѓаните, кои сакаат да аплицираат за субвенциониран кредит, треба да ги исполнуваат следните услови: Вкупните месечни приходи на поединецот да бидат најмногу до 900 евра месечно или на брачните партнери најмногу до 1300 евра месечно; да немаат недвижен имот во нивна сопственост и да немаат подигнато друг станбен кредит

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.